Дванаесет момци и две храбри девојки од Битола тргнаа на коњи за славно Крушево (Фото)

Илинденската коњаница од Битола од денеска го започна своето седумдневно патување до Крушево, каде ќе пристигнат на Илинден.

За овој предизвик кој прв пат се организира во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ се подготувувавме шест месеци, почнувајќи од месец јануари и се до денес. Подготовките беа тешки и напорни, но неуморно ги подготвувавме коњите, но и ние лично се подготвуваме со кондиција за издржливост. На патот до Крушево се и две девојки Симона и Ивана кои изразија желба да се вклучат во одбележувањето на Илинден и да се оддаде почит на илинденците кои го дале животот за Македонија, истакна Стојчевски и потсети дека само во битолското село Цапари биле евидентирани 94 илинденци.

Според планот, битолската коњаница во Крушево треба да пристигне на 31 јули, на 1 август ќе учествуваат на дефиле во Крушево, а на 2 август на Мечкин Камен ќе го одбележат државниот празник Илинден.