МНР ја објави официјалната потпишана верзија од Протоколот со Бугарија

Министерството за надворешни работи денеска ја објави официјалната потпишана верзија од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија.

Протоколот на 17-ти јули во Софија го потпишаа шефовите на дипломатијата на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска.

Потписот на министрите Османи и Генчовска врз документот, кој воедно е записник од втората седница на Мешовитата македонско-бугарска комисија, се смета за отворање на патот кон почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија (скен од официјалната потпишана верзија) на следниот ЛИНК.