Пендаровски: Москва финансира политички партии во земјава

Шефот на државата Стево Пендаровски, во интервју за „Фокус“ изјави дека некои политички партии во земјава се финансирале со пари од Москва, а истакна и дека Русија се мешала во нашите внатрешни работи. Вели дека сите државни институции знаеле за тоа.

„Сите државни институции знаат дека Русија се меша во нашите внатрешни работи. Последен пат со интензивно учество преку свои луѓе, свои политички субјекти, свои инсталации. Од соседството доаѓаат луѓе што се руски агенти, односно луѓе на руската служба. Не можам јавно да обелоденам од каде точно доаѓаат, зашто тоа се сензитивни информации, меѓутоа Русите и преку тие, модерно речени хибридни закани, преку политичката пропаганда прават обиди за влијание“, вели Пендаровски.

Тој открива дека постојат сознанија кај надлежните органи за луѓе што доаѓале за да направат провокација на неодамнешни граѓански протести, но и за финансирање на „некои политички субјекти“.