Двајца комити на Мечкин камен ги запросија своите девојки

На прославата на Мечкин камен, по повод најголемиот македонски национален празник Илинден, вчера се случи запросување кое набрзо стана вирално на социјалните мрежи.

Имено, двајца комити од Илинденската коњаница која тргна од повеќе градови од Македонија на марш кон Крушево, откако положија цвеќе, клекнаа на колена и ги запросија своите девојки пред споменикот на илинденските јунаци.

„За кого? За Македонија?“ – извикуваа присутните за време на запросувањето на Мечкин Камен, откако двете девојки им кажаа ДА на своите партнери.

Видеото од запросувањето, снимено и објавено од страна на Voice of America, масовно се споделува на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fglasnaamerika%2Fvideos%2F367741868858485%2F&show_text=0&width=560