Ќерката на Талат Џафери ќе го контролира парното греење во Скопје

Државната енергетска компанија АД ЕСМ ги регистрираше трите компании со кои ќе учествува на владиниот оглас за добивање на лиценци за парното греење во Скопје. На њеб-сајтот на Централен регистар стои дека трите субјекти: ЕСМ – Снабдување со топлина, ЕСМ – Дистрибуција на топлина и ЕСМ – Производство на топлина се основани на 29 јули 2022 година со основачки влог од 308.000 евра и се во државна сопственост.

На фирмата ЕСМ – Снабдување со топлина која ќе ги наплатува сметките, за управител е впишан Месуд Јакупи (ИТ администратор) кој беше шеф на изборниот штаб на ДУИ во скопско Студеничани. Тој ќе има шестмесечен мандат (од 22 јули 2022 до 22 јануаи 2023 година). Со Надзорниот одбор ќе претседава Петар Петровски од Битола, а членови се Бесиана Џафери Беќири од Чаир која е ќерка на спикерот на мекедонското Собрание, Талат Џафери и Зорица Гиовска од Гази Баба. 

Фирмата ЕСМ – Дистрибуција на топлина ќе ја директорува битолчанката Менка Јовановска, која исто така има 6-месечен мандат, а за членови на Надзорниот одбор се назначени Александра Маројевиќ, Џевит Ковачи и Билјана Николова, сите од Скопје.

ЕСМ – Производство на топлина треба да набавува природен гас за работа на топланите – Исток и Запад. Во оваа фирма за директор е назначен  кичевчанецот Златко Пиперкоски, електроинженер кој лани беше разрешен од позицијата директор на РЕК Осломеј. Членови на Надзорниот одбор се Соња Стефановска и Љубчо Кижевски од Скопје и Валбона Халили од Кичево.

Дејноста на сите три претријатија е снабдување со пареа и климатизација на адреса на управата на државните електрани.

Владата го задолжи АД ЕСМ да ги формира трите фирми со цел да се јави на јавниот повик за избор на нова компанија што ќе ги дава услугите за кои досега беше задолжен „Балкан Енерџи Груп“.