Connect with us

Македонија

Русковска: Ми треба странска помош, неможам да ги издржам притисоците од власта

Published

on

Обвинителката Вилма Русковска бара странска и владина помош против притисоците од владиниот функционер Муареми, откако тој претходно најави кривична пријава против неа и уште две обвинителки кои минатиот месец направија претрес во Управата за финансиска полиција.

Шефицата на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска вечерва преку писмено обраќање ги повика на помош амбасадите на САД и ЕУ, владата и јавноста од, како што го нарече, загрозувачкиот притисок од претставник на владата, односно директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми кој е под истрага, а кој денеска се закани дека на Русковска и на две други обвинителки од обвинителството ќе им поднесе кривични пријави.

„Ги повикувам сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ еднаш засекогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Исто така ја замолувам и Европската обвинителка Ковеши, доколку е во можност, да дојде и да ги провери сите предмети на ОЈО ГОКК откако јас сум на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Драги РашковскиМухамед Зекири и овој најновиот за Арафат Муареми“, пишува Русковска.

Македонија

Судот пресече: Капушевски во ,,Шутка”, Пуцко мали во куќен притвор

Published

on

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определуваме мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во попладневните часови, донесе решенија со кои:

По прoизнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, во однос на предложените мерки, како и ценење на приложените факти, го прифати предлогот на Јавниот обвинител со кој на Р.К., А.М. и Е.С. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоци. Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка.

Фокус

Continue Reading

Македонија

Јахоски се спаси од ќелија, доби куќен притвор

Published

on

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во однос на осомничениот А.Ј., по неговото произнесување пред судија на претходна постапка, го прифати предлогот на Јавниот обвинител за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Извор: Skopje1

Continue Reading

Македонија

Украдените пари ги префрлале во странство и си купувале „мерцедеси“ – ОЈО со детали за истрага за 13 физички и правно лице

Published

on

По повеќемесечна предистражна постапка во предмет што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција беше оформен по иницијатива на ДКСК, а по кој по наредби на обвинителството постапуваше Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во текот на вчерашниот ден и денес беше спроведена акција. Во акцијата што под раководство на јавен обвинител се спроведуваше на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево се лишени од слобода 11 лица.

-Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметниот јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 физички и едно правно лице. Постои основано сомнение дека десет лица како созвршители или помагачи сториле кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. На двајца осомничени и на правното лице им се става на товар дека освен кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело, додека едно лице е осомничено за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело, информираат од ОЈО и додаваат:

-Во периодот на 2021 – 2023 година двајца осомничени, во својство на основачи и управители на кривично одговорното правно лице свесно повредувајќи ги прописите за постапката за јавен повик за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино поднеле невистинита документација. Со намера да го изиграат договорот не ги извршиле обврските и ги повредиле правилата остварувајќи корист од големи размери за кривично одговорното правно лице а на штета на државниот буџет во вкупен износ од 10.304.324.094 денари или околу 167.549.985 евра, информираат од ОЈО.

Според информациите од Обвинителство во намерата со умисла им помогнале осомничените вработени во АД Електрани на Северна Македонија – Скопје, кои се наоѓале на високи позиции од генерален директор и директори на сектори до претседатели и членови на комисии поврзани со јавни набавки, спроведувајќи постапки за јавна набавка на мазут спротивно на Упатството за начинот на спроведување на јавните набавки во АД ЕСМ. Со непочитување на начелата на сразмерност, конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори, иако знаеле дека правното лице не ги исполнува бараните критериуми за носител на јавната набавка, помогнале да се склучат Договори за јавна набавка во корист на истото и му овозможиле да испорачува мазут се до 24.02.2023 година.

-Паричните средства кои осомничените ги прибавиле со кривичното дело, а кои претставуваат противправно остварена имотна корист од спроведена постапка по јавен повик на АД Електрани Северна Македонија – Скопје, во периодот од месец декември 2021 година до месец април 2023 година ги пуштиле во промет, промениле и пренеле на друг со цел да се прикрие изворот на потеклото. Со дел од средствата купиле две моторни возила„Mercedes Benz“, дел ги трансферирале на своите сметки во разни банки, а потоа ги подигале во готовина. Воедно, врз основа на договор за посредување и Анекс кон договорот, склучен помеѓу осомниченото правно лице и осомничен сопственик на правно лице со иста дејност, во два наврати биле префрлени средства во вкупен износ од 72.000.000,00 денари за наводно извршени работи согласно договорот кој претставувал само привидно средство за вршење на предметните трансакции. Осомничениот така примените парични средства, свесен за нивното потекло со цел да ја прикрие нивната локација ги трансферирал по основ на ,,позајмица’’ кон своето правно лице.

Имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на пет лица да им биде определена мерка притвор, од кои за едно лице мерката да се примени по неговото пронаоѓање. Едно лице осомничено и во предметот „Адитив“ веќе се наоѓа во притвор, додека за останатите осомничени се предложени мерки за обезбедување присуство, информираат од ОЈО.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк