Connect with us

Македонија

Народниот правобранител ќе гради зграда со шест ката во Маврово

Published

on

Откако во неколку наврати не добивале никаков одговор од надлежните во Општина Маврово Ростуше, претставници на Месната заедница Маврово се обратиле и до Народниот правобранител и добија некаков одговор. Се работи за планирана нова зграда, шестокатница, пред училиштето во селото. Мештаните добија само ветување дека инвеститорот ќе мора да направи одредени корекции. Мештаните се незадоволни.  

Во одговорот од Народниот правобранител до МЗ Маврово се вели дека од Одделението за урбанизам при Општина Маврово Ростуше биле известени за околностите за овој случај. На 1 јули добиено е известување во кое се вели дека „постапката за донесување нова планска документација е запрена, а инвеститорот е задолжен да направи одредени корекции. Инвеститорот треба да постапи согласно Законот за урбанистичко планирање. Укажано му е на недостатоците и забелешките кои треба да ги отстрани“, се вели во одговорот на правобранителот.  

Ова значи дека Архитектонско урбанистичкиот план (АУП) се враќа на корекција кај истата комисија која и го донесе првичниот план. Мештаните се незадоволни и од односот на градоначалникот Медат Куртовски кој долго време не одговарал на писмото на МЗ Маврово, а сега бара поддршка на локалните избори во општината закажани за 20 август.

Лани во невообичаено експресна постапка, градоначалникот Куртовски ја потпиша документацијата за изградба на уште една повеќекатница во село Маврово, на самиот пат во близина на училиштето. Месната заедница Маврово уште лани на 8 март реагираше на ова, се работи за нелегална постапка, велат тие, и на градоначалникот тогаш му дадоа рок од седум дена да ја поништи планската документација.

Македонија

Груби и другар му Перпарим системски краделе од Лотарија, СДС за тоа знаеле и молчеле за да им трае владината коалиција

Published

on

На криминалот на ДУИ и на Артан Груби му нема крај. Груби со другар му Перпарим Бајрами во Државна лотарија си направиле криминална шема, од која профитирале милиони, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Артан Груби и Перпарим Бајрами системски краделе од лотарија и ваквиот криминал, од надлежните институции, е документиран и истражен. За неколку месеци од преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ, документиран е случајот со Државна лотарија и покренати се истражни постапки и кривични пријави. Криминалот во Лотарија се шири, а Груби и другар му Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра. Во Државна лотарија се договарани тендери за набавка на телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема во вредност од над 400.000 илјади евра. Но, криминалот во овие тендерски постапки за набавка на телевизори и компјутерска опрема лежи во тоа што, иако е потпишан прием за нив, по спроведените проверки и попис не се пронајдени, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија порачуваат: За ваквиот криминал, кој имал епидемиски размери и кој по само шест месеци по промената на власта можеше да се документира, истражи и да се процесуира, не е можно да не знаеле СДС.

-СДС сигурно знаеле за ваквиот криминал во Лотарија, но ги оставиле Груби и ДУИ да крадат од македонските институции, за што подолго останат на власт и во удобните фотелји. И сега, кога сиот криминал на Груби, посебно во Лотарија кои СДС го знаеле, излегува на површина, ги нема да го осудат, дистанцираат и да го повикаат да се врати во Македонија и да се соочи со правдата. СДС, наместо осуда за Губи, ги гледаме секојдневно како смислуваат разно разни приказни и конструкции, но од друга страна пак, тоа е единственото кое што им остана. Затоа што, Македонија се трансформира и следува одговорност за сите што работеле спротивно на закон, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Continue Reading

Македонија

Приведен поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски

Published

on

Приведен е Јован Деспотовски, поранешниот директот на агенцијата Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), дознава НетПрес.

Станува збор за случај во кој e причинета штета од два милиона евра. Се работи за приватна компанија којашто изведувала работи во ТИРЗ во Штип и Струмица.

Случајот го води Финансиската полиција, а како што неофицајлно дознаваме се бара итно замрзнување на имотот на компанијата „Зимак“.

Извор: Нетпрес

Continue Reading

Македонија

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ СО МОТОРНА ПИЛА И СО ОСТРИ ПРЕДМЕТИ Нападнати и повредени шумски полицајци

Published

on

Четири лица, меѓу кои и едно малолетно лице, се приведени од страна на велешката полиција поради напад врз тројца шумски полицајци за време на службени задачи. Инцидентот се случил на земјен пат од езерото Младост кон селото Ветерско.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека нападот бил пријавен од Ф.Ј. (54), вработен во Шумската полиција – Велес.

„Додека тројцата шумски полицајци, меѓу кои и Б.К. и З.З., извршувале службени активности, затекнале лица кои вршеле бесправна сеча на дрва. Напаѓачите, предводени од Б.З. (36), физички ги нападнале службените лица. Б.З. користел остар предмет, нанесувајќи повреди на двајца полицајци, додека В.В. (18) се заканувал со вклучена моторна пила. Другите двајца напаѓачи, С.З. (57) и малолетникот, користеле дрвени предмети“, соопштија од полицијата.

Повредените полицајци биле пренесени во велешката болница, каде што им биле констатирани повреди. Напаѓачите, по нападот, се обиделе да избегаат со возило „Форд“ со велешки регистарски ознаки, но подоцна биле лоцирани и приведени од полицијата.

„Лицата С.З., Б.З. и В.В. се задржани во полициска станица, а возилото и предметите кои биле користени во нападот се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител, и по комплетно документирање на случајот ќе следуваат соодветни кривични пријави“, додаваат од МВР.

Овој инцидент уште еднаш го истакна ризикот со кој се соочуваат шумските полицајци за време на извршувањето на службените задачи, особено кога станува збор за бесправната сеча на дрва, која продолжува да биде горлив проблем во земјата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк