Connect with us

Македонија

Страшен инцидент на скопската клиника: 16 годишнo девојче се фрли од прозор

Published

on

A.Ш. родена 2006 година денеска се фрлила од прозор од Клиниката за психијатрија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, објави порталот Локално.мк

– По инцидентот, таа се здобила со тешки телесни повреди и моментално се наоѓа на КАРИЛ-Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, објави ЛОкално.мк повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Македонија

Семејна драма: Интервенирала полицијата

Published

on

Во СВР Штип, 37-годишна жена од Берово, пријавила дека во семејниот дом, таа и нејзиното дете, биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер Т.Е. од с.Василево, струмичко.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

„Вреди“ за интерпелацијата за Меџити: ДУИ повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група

Published

on

Со вчерашното гласање, додаваат од владејачката коалиција, првиот вицепремиер и министер Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борба против корумпираното раководство на ДУИ

ДУИ повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група – реагираат од владејачката „Вреди“, алудирајќи на трите гласа поддршка што синоќа во Собранието ги дадоа пратениците на „Европскиот фронт“ за интерпелацијата, која токму оваа пратеничка група, ја поднесе за работата на вицепремиерот и министер Изет Меџити.

„Само тројца пратеници успеаја да гласаат ‘за’ интерпелацијата за Изет Меџити, што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад на ДУИ. Пораките од ДУИ не стигнуваа до никого во меѓународната заедница, а денес не стигнуваат ниту до нивната пратеничка група. Станува сè поочигледно дека дури и членството на ДУИ и пратениците, како и пошироката албанска јавност не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, старата слава на ДУИ и спомените од минатото“,

реагираат од владејачката „Вреди“.

Со вчерашното гласање, додаваат оттаму, Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борба против корумпираното раководство на ДУИ.

„’Вреди’ апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ“,додаваат од владејачката коалиција на партиите на Албанците.

Со само три гласа „за“ и 64 „против“ Собранието синоќа ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити кој доаѓа од редовите на коалицијата „Вреди“.

Интерпелацијата ја поднесе опозицискиот „Европски фронт“, предводен од ДУИ.

Continue Reading

Македонија

ВЛЕН: ДУИ политички се распаѓа, повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група

Published

on

Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните зборови на Али Ахмети, Бујар Османи и Блерим Беџети. Вчерашното гласање за интерпелацијата против Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставува јасен доказ дека ДУИ веќе нема контрола ниту врз сопствената пратеничка група. Само 3 пратеници успеаја да гласаат „за“ интерпелацијата што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад на ДУИ, велат од ВЛЕН.

-Пораките од ДУИ не стигнуваа до никого во меѓународната заедница, ДУИ е изолирана. Денес не стигнуваат ниту до нивната пратеничка група.

Со ова гласање, потпретседателот на Владата Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борбата против корумпираното раководство на ДУИ, кое за жал е предводено од Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и Блерим Беџети. Станува сè поочигледно дека дури и членството на ДУИ и пратениците, како и пошироката албанска јавност во Македонија, не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, старата слава на ДУИ и спомените од минатото.

Нивната изолација е очигледна, ДУИ е исклучена од меѓународната заедница и нема никаква поддршка и соработка со било која од останатите нормални прозападни политички субјекти во Македонија. Пратениците на ДУИ го гледаат тоа и имаат задача пред чесните гласачи се погласно и почесто да се спротистават на погубните политики на нивното раководство.

Следниот пат кога Блерим Беџети ќе се обиде да креира политика, да се потсети на вчерашниот ден. Нема поголем губитник од него и неговата иницијатива. Исто како на претходните парламентарни избори, каде што ни гласовите на т.н. Европски Фронт не му беа доволни и изгуби наспроти ВЛЕН. Се додека настапува како заштитник на Артан Груби, нема да поминува различно ни кај граѓаните, ни кај своите сопартијци. Ќе продолжи да биде само еден од губитниците.

ВЛЕН апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ, стои во партиското соопштение.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк