Connect with us

Македонија

Градоначалникот на Велес спасил жена да скокне од мост

Published

on

Жена вчера се обидела да се самоубие со скокање во реката Вардар на стариот мост во Велес. Ја спасил градоначалникот, Марко Колев. За МКД.мк тој вели дека сосема случајно се нашол на мостот преку кој секој ден поминува враќајки се од работа, и ја видел жената како се качува на оградата и се обидува да скокне. Го запрел автомобилот и ја фатил во прегратка од зад грб во дел од секунда. Ја спасил и ја симнал од оградата.

„Јас не сум никаков херој. Го направив тоа што би го направил секој граѓанин во таква ситуација. Бев единствен кој во тоа време го минуваше мостот бидејќи беше некаде по 16 часот и поради топлото време немаше фрекфенција на луѓе. Жената стоеше свртена кон реката и ја прекачуваше оградата. Се стрчав и ја фатив од зад грб. Тоа беа делови од секунда, но ете, се најдов веројатно во вистинско време на местото за да ја спасам. Ја прашав: „Мајче, каков проблем имаш“, а таа не ми одговори многу. Рече само дека не сака да живее“, вели Колев.

Ја држел жената во прегратка и повикал случаен минувач, кого го замолил да се јави во полицијата, бидејќи, како што вели Колев, поради рефлексно брзата реакција да излезе и да ја спаси жената, тој во автомобилот го оставил и мобилниот телефон.

„Им кажав на оние што потоа почнаа да доаѓаат да повикаат полиција. Ова што ви го кажувам на вас, го кажав и пред службените лица. Се надевам дека нема никогаш да се повтори ваков настан. Жената е згрижена, жива и здрава, а тоа за мене како човек е најважно“, додава градоначалникот.

Жената што се обидела да се самоубие скокајќи во река, според неофицијални информации, е мајка што пред години го загубила едното дете во сообраќајка.

Овој настан во МВР бил пријавен вчера по 16 часот. 

Македонија

Митревски бранеше со температура 39,5 степени: „Знаев дека морам да бидам на располагање“

Published

on

Македонија и Австрија одиграа исклучително возбудлив и изедначен натпревар, кој заврши со реми 29-29, благодарение на голот на Кузмановски во последната секунда. Натпреварот беше драматичен до самиот крај, со наизменични водства и неизвесност која кулминираше со израмнувањето.

Македонскиот голман Никола Митревски, кој само неколку часа пред натпреварот се соочил со висока температура, го оцени резултатот како најреален исход од мечот.

„На крајот извлековме реми. Натпреварот беше изедначен во сите 60 минути. Се играше гол за гол, на крајот тие дадоа на 4 секунди до крајот, ние можеби на 4 стотинки. Најреално. Во првиот дел имавме 2-3 пати водство и од три разлика, но не успеавме да го задржиме. Имавме шанси да победиме. Во вториот дел го презедовме повторно водството, тие израмнуваа. На крај поведоа, ние израмнивме и тоа е тоа,“ изјави Митревски.

Тој откри дека, и покрај здравствените проблеми, не размислувал да се откаже од настапот:
„Пред мечот ‘горев’, но не мислев да се откажам. Сличен проблем имаа уште неколкумина од нашиот тим, но и тие стиснаа заби,“ додаде тој.

Митревски ја опиша и својата состојба пред натпреварот: „Ве молам, држете се настрана од мене. Пред неколку часа имав температура од 39,5 степени, но знаев дека морам да ѝ бидам на располагање на македонската репрезентација со оглед дека имавме неколку играчи со здравствени проблеми,“ рече тој.

Ова реми носи нови предизвици за македонската репрезентација, која покажа борбеност и тимски дух, дури и во најтешките моменти.

Continue Reading

Македонија

Во сообраќајна несреќа во мавровско повреднеи две лица

Published

on

На 21.01.2025 во 13.26 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар, пред крстосницата за с.Скудриње, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(65) од с.Равен, гостиварско и патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(38) од Дебар.

Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот Ф.К., а неговата сопатничка Л.К.(48) од Република Албанија со престој во с.Равен се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Continue Reading

Македонија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана Фатри Фетаху го назначи за координатор на друштвото за областа Голо Брдо

Published

on

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на статут и согласно своите надлежности на 20.01.2025 година донесе одлука да назначи Фатри Фетаху за координатор на друштвото за областа Голо Брдо.

Фатри Фетаху е роден во село Требиште, областa Голо Брдо. Фетаху од 2015 година е член на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана, активист на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо. Од 2019 до 2021 година бил подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо, и од 2021 до 2024 Преседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо и дописник на Македонскиот весник “Илинден“. За својата ангажираност Фетаху, во 2016 година, беше добитник на благодарница “Илинден“.

Македонското друштво “Илинден“- Тирана му посакува успех како координатор на друштвото за областа Голо Брдо со мандат од 2025 – 2029 година.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот Никола Ѓурѓаj

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк