ПОРОЈ и денеска – Обилни дождови и електрични празнења

Времето денес прoменливо облачно и нестабилно, особено во попладневните часови на повеќе места ќе биде со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степени. УВ=5

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: променливо облачно, од пладневните часови со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.
T= 28 °C, P= 973 hPa, U= 48 %, V= 5 m/s.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 32 Ѓуриште, 19 Кр.Паланка, Крушево, 18 Демир Капија, 16 Виница, Виница, 14 Охрид, 12 Битола, 10 Прилеп, 8 Тетово, 7 Штип, 6 Претор, Струмица, 5 Скопје Зајчев Рид, Тополчани, 4 Берово, Пожаране, 3 Маврово, 2 Скопје Петровец, Гевгелија, 1 Попова Шапка.

Времето утре променливо облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. UV = 5