Сопругата на Апасиев со емотивен статус: Видендов ми се отселија уште двајца млади од фамилија

Викендов ми се отселија уште двајца млади од фамилија, за Словенија.

Работоспособни, вработени во ИТ индустрија.

По нив, планираат да си заминат уште неколкуте кои ги имам тука.

Сите се во нивните доцни дваесетти и рани триесетти. Семејството ќе си го прошируваат негде на Запад.


Причината – окупиран и нефункционален систем, кој продуцира деструктивно општество и убивање на вербата дека ќе доживеат некаква значителна промена.

По нив, голема е веројатноста да си заминат и нивните родители.

Сточари, пекари, електричари… за сите нив, статустот и условите истото да го работат дури и во Словенија, се светлосни години разлика оттука.

Младите треба да ни бидат на прво место во секоја мерка и промена.

Промените пак, мора да почнат веднаш.

Наместо шминка, мора да бидат суштински и да почнат од образованието.

Или ова ќе го менуваме или сите останати заедно, ќе потонеме. Некои (народот) повеќе од другите (властодршците).

Ако за миг сме заборавиле, да си повториме – држава без млади луѓе, е држава без иднина.

Фејсбук статус на Тамара Јованов