Без струја Арачиново, настанал ДЕФЕКТ ПОРАДИ ПРЕОПТОВАРЕНОСТ ОД НЕЗАКОНСКО КОРИСТЕЊЕ

Незаконското трошење на струјата во Арачиново доведе до дефект поради кој денеска околу 80% од жителите останале без струја.  

Според ЕВН Хоме во понеделник наутро во општината дошло до голем дефект како последица на големото преоптоварување на трафостаниците поради континуираното незаконско користење на струјата од страна на жителите. 

„Во Арачиново нашите екипи често се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, што го оневозможува извршувањето на работата во целина. За да се работи мора да се создадат услови за нормално функционирање и работа, како за дефекти, така и за реконструкција и модернизација на мрежата. Се додека нема нормални услови за работа и има пречка во извршувањето на работата, нема да има можност за реставрирање“, велат од ЕВН за ТВ21