Connect with us

Македонија

Годишно се краде 100 милиони евра струја, најмногу во Арачиново, Грчец, Сарај, Крушопек, Сингелиќ, Серава и Студеничани!

„Околу 5 отсто од испорачаната електричната енергија се краде! Пресметките на ЕВН покажуваат дека, според пазарните цени, годишно се краде струја за повеќе од 100 милиони евра!“ – објави информативниот портал „Пари“ во својата редакциска анализа со наслов „Крадат струја за 100 милиони евра годишно, сите ја плаќаме и никој не им може ништо“.

Покрај другото, „Пари“ пишува: „Катастрофално е што тоа сите го плаќаме. На ЕВН Електродистрибуција, во одреден процент, Регулаторната комисија за енергетика и ги признава овие кражби како дел од така наречените технички загуби и тој признат трошок влегува во цената на струјата. Но, дури и непризнатите загуби, на индиректен начин ги засегаат сите, затоа што тоа се пари кои некој ги украл и кои компанијата не може да ги вложи во енергетскиот сектор.“

„Со енергетската криза и со значителниот раст на цените на берзите, признатите комерцијални загуби (кражби) се пресметуваа и според тие огромни берзански цени, затоа што Електродистрибуција така ги плати и тој износ влезе во цената. Од ЕВН објаснуваат дека во 2022 година, во јануари и февруари струјата за покривање на загубите беше набавена на отворен пазар по цена од 280 евра за еден мегаватчас. Од март до декември годинава струјата за таа намена ќе се набавува од ЕСМ по цена од 150 евра за еден мегаватчас.“

„Со максимално мобилизирање од страна на надлежнит, за да се стават во функција сите производствени капацитети на ЕСМ, се донесе одлука со домашно, поефтино производство да се покријат техничките загуби во системот, во кој влегуваат и кражбите. Наместо да му се дадат овие киловати на стопанството по пониска цена, кое секојдневно алармира за скапата струја, што ја плаќа на отворениот пазар, тие се трошат за покривање на кражбите.“

„Од ЕВН велат дека ‘најпроблематични региони, каде што не постојат услови за работа и спроведување проекти за намалување на загуби, се Арачиново, Грчец, Сарај, Крушопек, Сингелиќ, Серава и Студеничани’. ‘Има и други региони со помалку откриени кражби, но мерките и активностите за спречување на кражбите важат еднакво за сите.’ – нагласуваат од компанијата.“

„Во Арачиново има чести напади врз вработените од ЕВН“

„Во јавноста беа објавени вџашувачки бројки за кражбите на струја во скопската населба Арачиново. Загубите по трафостаниците се движат од 56 до 96 проценти. Од ЕВН за отворено изнесуваат дека ова е место каде што не можат да се справат со крадците и оти во битката немаат доволна поддршка ниту од локалната власт, ниту од МВР.“

„Нема безбедност за вршење на редовните работни активности. Вработените постојано се соочуваат со зборовни, а често и со физички напади. Постојано има оштетување на опрема. Алармите се оштетени во сите ормари. Обидите на општинските власти не овозможија решавање на проблемот и да има нормални услови за работа на терен. Нема секогаш доволно поддршка од МВР.’ – укажуваат од ЕВН.“

„Иако крадењето струја во последно време се поврзува со ‘копање’ криптовалути, од ЕВН велат дека струја се краде и од страна на домаќинства, за индивидуални потреби, оти кражби има и од угостителски објекти и од мала индустрија… За кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас се предвидува казна до 5 години затвор, како и парични казни од 5.000 до 20.000 евра.“

Македонија

Безбедноста на новогодишните пакетчиња проверена – резултатите во АХВ охрабрувачки

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни инспекции на детските новогодишни пакетчиња и откри само минимални неправилности. Вкупно беа извршени 262 контроли во магацини за пакување, маркети и продавници кои нудат овој вид производи.

Проблеми беа утврдени кај неколку оператори поради несовпаѓање на роковите на збирните декларации со роковите на поединечните производи, како и некомплетни декларации. Во такви случаи, инспекциските служби издале четири решенија за повлекување на пакетчињата од промет, додека двајца оператори добиле решенија за поставување на исправни збирни декларации на производите.

Според АХВ, ситуацијата годинава е значително подобрена во споредба со лани, кога инспекциите открија несоодветно означување на пакетчињата, производи со поминат рок на употреба и краток рок на трајност, како и производи со променети органолептички својства. Оваа година, пак, недоследностите се сведени на минимални и не претставуваат ризик за здравјето на децата.

Агенцијата најавува дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се обезбеди безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Магла и блокади: Сообраќајот на регионалниот пат Берово–Струмица целосно запрен поради најавен собир

АМСМ известува дека поради појава на магла, видливоста на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија е намалена на само 50 до 60 метри. Возачите се предупредуваат да возат со зголемено внимание и да ги прилагодат брзината на условите на патот.

Жителите на село Двориште најавија јавен собир на регионалниот пат П-1302 (Берово – Струмица), на местото познато како „Студенец“, утре, на 19.12.2025 година во 10.00 часот. Се очекува патот да биде целосно блокиран, па возачите кои патуваат по правецот Струмица – Берово се советуваат да користат алтернативни патни правци.

На државните патишта се вози непречено, со релативно посуви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, што овозможува непречено движење за патниците.

Continue Reading

Македонија

Синоќа воздухот во Македонија достигна критично загадено ниво

Минатата ноќ воздухот во повеќето македонски градови беше критично загаден, а мерните станици регистрираа концентрации на ПМ-честички кои алармираат за сериозна опасност по здравјето. Особено алармантни се ПМ2,5 честичките, кои според стручњаците не смее да се вдишуваат подолго време.

Според податоците на AQIcn.org, најзагадената точка во земјава околу 22 часот била во Струмица, точно во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“ и градинката „Детска радост“. Таму AQI-индексот, кој ги комбинира сите клучни загадувачи, скокнал до 339 – ниво кое се смета за „опасно“ дури и за сосема здрави луѓе.

Не многу подобро било ниту во другите градови. Кичево, Скопје и Гостивар забележале AQI вредности помеѓу 200 и 300, што е доволно за предупредување дека престојот на отворено е ризичен. Во Скопје, најкритични биле Карпош 2, Карпош 4 и Аеродром, каде индексот се искачил на околу 250.

Граѓаните се советуваат да останат во затворени простории и да избегнуваат физички активности на отворено додека воздухот не се стабилизира.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг