Повеќе од 200 луѓе утринава чекаат за извод! (Фото)

Повеќе од 200 граѓани во редица која почнува во внатрешноста на објектот, а завршува на паркингот чекаат од рано утринава за да подигнат извод од матичната книга на родени позади зградата на Македонската радио телевизиија.

Граѓаните кои ги испратиле сликите до редакцијата на Инфомакс велат дека станува неподносливо поради спарното време, а во секој момент очекуваат да започне да врне и дожд.