Connect with us

Балкан

(Видео) АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ГРЦИЈА – Торнадо кое ќе ви ја заледи крвта, пола земја под вода!

Published

on

Кратки, но интензивни грмотевици зафатија делови од Грција. Невремето предизвика поплави на главните улици во Атина и Солун, а силниот ветер корнеше дрва во регионот на северна Грција.

Засега нема извештаи за повредени. Драматична снимка доаѓа од островот Андрос, каде улиците се целосно поплавени.

Грмежи и град се забележани во Солун. И покрај краткото невреме, Патишта кои водат кон Солун беа поплавени. Противпожарната бригада црпела вода од подрумските простории и ги отстранувала дрвјата од коловозите. Слична состојба со невремето е регистрирана и и на полуостровот Халкидики, пренесува Greekreporter.

Во Атина, поплавите ја затворија улицата Пиреја во двете насоки пред полицијата да нареди таа повторно да се отвори. Проблеми со поплави беа пријавени на крајбрежната авенија Посидонос и авенијата Војлагменис.

Невремето го зафати и Санторини, каде автомобилите останаа заробени во калта на улиците, додека на Миконос имало и торнадо.

Балкан

МАЕИ е регистрирана за учество на парламентарните избори во Албанија, на 11 мај

Published

on

Централната изборна комисија на Албанија, (ЦИК), објави дека е прифатено барањето на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, и веќе е регистрирана, за учество на парламентарните избори, што ќе се одржат на 11 мај.

„Централната изборна комисија на состанок, одлучи по барањето за регистрација на МАЕИ да учествува на парламентарните избори во Република Албанија и истото го прифати, со што таа е една од 22-те политички партии кои се регистрирани за учество на изборите“, се наведува во објавата на комисијата.

Барањето со сите потребни документи, како што претходно изјави за МИА, лидерот Васил Стерјовски, беа доставени на 21 февруари, што беше во рамки на предвидениот рок со изборниот законик, кој завршува на 25 февруари, по што следува рок за пријавување на коалиции.

„Засега немаме став дали самостојно ќе одиме на изборите, или ќе бидеме дел од некоја изборна коалиција. За тоа секако одлука ќе донесе највисокото партиско раководство“, додаде тој.

МАЕИ како политички субјект, во судскиот регистар, е запишана на 8 јуни 2005 година. Првпат како политички субјект учествуваше на локалните избори во 2007 година, од кога редовно е дел од секој изборен циклус во Албанија.

Continue Reading

Балкан

Грција: Уште една седмица затворени училиштата

Published

on

Поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, училиштата на четири грчки острови ќе останат затворени уште една седмица, одлучија членовите на надлежните комисии при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, од каде што соопштија дека од 1 февруари биле регистрирани над 1.368 земјотреси посилни од три степена.

Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи се затворени од почетокот на месецов, новата одлука важи до 28 февруари, а за враќањето на учениците во училишните клупи, надлежните комисии ќе разговараат на следниот заеднички состанок закажан за четврток попладне.

На заедничкиот состанок на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и Комисијата за следење на вулкански активности во надлежното Министерство била разгледана актуелната ситуација и членовите едногласно констатирале дека „сеизмичката серија во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос бележи опаѓање, со над 1.368 земјотреси од 1 февруари со јачина од над 3 степени и со максимална регистрирана магнитуда од 5,3 степени“, дека сеизмичка активност се должи на подводни раседи и дека „сеизмичката активност во калдерата останува на истото ниво како, а „во поширокиот регион на Санторини се забележува намалување на темпото на деформација на тлото“.

Паралелно потсетија на превентивните мерки за граѓаните, односно да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, поради опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис неговиот традиционален неделен преглед на Фејсбук, денеска го започна со земјотресите во близина на Санторини посочувајќи дека „бројот на потреси е намален во последните 24 часа, но научниците продолжуваат деноноќно да ја следат појавата, проценувајќи дека ќе треба време за сеизмичката активност целосно да запре“.

Додаде дека покрај мерките за поддршка на бизнисите и вработените што минатата седмица ги најавија, од Министерството за внатрешни работи, надлежно за општините ќе биде одвоена вонредна помош од 850.000 евра за Санторини, Аморгос, Анафи и Иос.

Continue Reading

Балкан

ХАОС ВО СОФИЈА: Протестот против еврото ескалира – запалена врата, тепачки и приведени пратеници!

Published

on

Во Софија избувнаа жестоки немири за време на протестот против воведувањето на еврото, што резултираше со приведување на шест лица, меѓу кои и пратеникот Ивајло Чорбов од партијата Преродба. Дополнително, двајца пратеници – Ангел Георгиев и Никола Димитров – се пренесени во болница по судирите со полицијата.

Демонстрантите, собрани пред претставништвото на Европската комисија, го изразија својот гнев со фрлање црвена боја и петарди кон зградата, а нејзината врата беше запалена. Полицијата одговори со солзавец и приведе неколку учесници. Според официјалните информации, во немирите биле повредени 10 полицајци.

Пратеникот Цончо Ганев од Преродба ги обвини властите за бруталност и најави блокада на парламентот од среда, барајќи оставка на Владата. Тој истакна дека над 600.000 граѓани побарале референдум за еврото, но нивното барање било игнорирано.

Ситуацијата во бугарската престолнина останува напната, а протестите продолжуваат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк