Габриел Бајрам осуден на 3 месеци затвор за тепање келнер и фрлање шишиња

Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам, признал вина за насилството сторено во скопски ресторан, објави А1он.

Кривичниот суд му изрече три месеци затвор за фрлањето шишиња и чаши кон келнер. Осуден е и неговиот син, кој доби условна казна. Габриел Бајрам е пуштен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари во домашен притвор, се до правосилноста на пресудата.

Кривичната пријава за Бајрам беше поднесена откако на семејна веселба во угостителски објект во Скопје, заедно со неговиот син, повредил еден од вработените и го кршел инвентарот во објектот.

Неговиот син доби условна казна затвор од три месеци која нема да се реализира доколку во рок од една година не стори ново кривично дело.

Бајрам, кој веќе помина еден месец во притвор во затворот во Шутка, правосилноста на одлуката ќе ја чека во домашен притвор.

Во казната му се засметува и времето поминато во притвор и куќен притвор.