Хајредини: Се најде решение за Арачиново, сега и другите не мора да плаќаат струја

„Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите.

Ќе најде он решение и за сите други“.

Објава на Фејсбук на аналитичарот и поранешен министер за Финансии, Џевдет Хајредини.

Вчера министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук објави дека „За Арачиново да не е во мрак најдовме решение“.

Според објавата во која тој им се обраќа на жителите на Арачиново се вели дека има решение кое е привремено, со надеж дека ќе биде долгорочно, ако се почитувал договорот и законите во државата. Бектеши на крајот од пораката до граѓаните вели и дека „треба да вложиме максимални напори да заштедиме струја, па со тоа и семејниот буџет за да не ја влошиме состојбата со енергетската криза!“

Какво е решението за струјата во Арачиново и што истото вклучува на „фејсбук“ министерот не напишал.