АРАЧИНОВЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ ОБЕШТЕТУВАЊЕ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ ОД ДРЖАВАТА ЗА НЕПОГОДИ

За сите штети од 2016-та до 2018 година, вклучувајќи ги поплавите во Арачиново, како и земјоделците од Преспа, ќе бидат исплатени пет милиони евра, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според Николовски, на последната владина седница, во вторникот, се усвои збирниот извештај кој опфаќа 29 општини и се утврдија 10 отсто за обесштетување.

– Износот на штета што ќе биде исплатена е 300 милиони денари. На следната седница Министерството за финансии е задолжено да ги подготви одлуките за исплата и парите да бидат префрлени на оштините, а оттука и на апликантите кои имале штети. Во овој збирен извештај е опфатена и Општина Ресен. Верувам дека средствата ќе бидат исплатени во најбрз можен рок. Се што требаше, Владата направи – нагласи министерот.

Тој потсети дека за обесштетувањето требало да се сменат два закона за земјоделство и за заштита и спесување, по што била донесена нова методологија, а се формирала и нова државна комисија.

Think.mk