Неверојатен подвиг на пливачкиот ХЕРОЈ Марко Пејчиновски: 10 пати го преплива Охридското Езеро

Младиот пливачки херој Марко Пејчиновски утринава успеа да преплива неверојатни 64 километри во Охридското Езеро, а охриѓани со овации го пречекаа на пристаништето, пишува ОхридПрес.

По повод празникот Голема Богородица тој вчера во 11 часот и 56 минути тргна на пат од Охрид кон Струга, па до Свети Наум. Со ова, Марко ги исполни ветувањето дека десет пати ќе го преплива езерото. Летово тој вкупно испливал околу 250 километри.

Претходното, деветто од десетте препливувања ова лето, беше на релација Градиште-Трпејца-Охрид, со должина од 20 километри. Пред тоа, Марко успешно ја преплива релација Заум-Охрид, на патека со должина од 18 километри. Една недела пред тоа, тој го оствари седмиот подвиг кога ја преплива релацијата Радожда-Трпејца-Градиште, само седум дена откако успешно ја преплива релацијата Струга-Градиште.

Видео:

https://fb.watch/faZWyK3qLn/