ШОК ВИДЕО: Марија Шерифовиќ УРЛАЛА на сред улица

Пејачката Марија Шерифовиќ урлала на сред улица во Белград, додека со сета сила удирала по својот автомобил. На социјалните мрежи се појави скандалозно видео на кое може да се види како таа вика додека го запирела автомобилот на сред улица.

Потоа, изговарајќи „дебели“ пцовки, се приближува до автомобилот и го удира со тупаница. Марија изнервирана потоа влегува во автомобилот и вреска толку гласно што се слуша дури и до зградата до која е паркирана.

– Одговори ми, вреска Марија во еден момент, додека една жена ја смирува.

Иако на мрежите се шират разни теории на заговор, за што всушност се работи, Марија ја опиша оваа ситуација вака:

– Иако никого не треба да засега, добив некои приватни лоши информации. Единствената личност на која треба да му се извинам е мојот автомобил и ако разбудив некого.