Connect with us

Македонија

Бектеши: Арачиново е дискриминирана општина, Владата ќе продолжи со поддршка за Арачиново

Published

on

За жал, вакви реакции се случуваат и кај нас, можеби ќе ни треба уште повеќе време да ја имаме вистинската зрелост во С. Македонија и да не правиме разлики по етничка припадност и по општина од каде што доаѓаме, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата Клик 21 на ТВ21.

Тој ги коментираше бројните реакции во јавноста по одлуката на Владата да издвои од буџетот 66 милиони денари за канализација во Арачиново. Бектеши рече дека и покрај реакциите ќе продолжат да ги поддржуваат дискриминираните општини во државата.

– Владата ќе продолжи да им помага на општините кои беа дискриминирани со години пред тоа, дури и пред 2001 година, на кои им е потребна помош од Владата. Зборуваме за еднаков регионален развој, еднаков локален развој, како што урбаните општини имаат услови, ако тврдиме дека вистински се приклучуваме на ЕУ, мора да им понудиме исти услови и на руралните општини, рече Бектеши.

Македонија

ОГРАБЕНО КАЗИНО ВО ЧАИР Разбојникот одзел 1,46 милиони денари

Published

on

Вчера е ограбено казино на подрачјето на општина Чаир, соопшти полицијата.

Како што е соопштено вооружен маж му се заканил на вработен во казиното и одзел 1.460.856 денари (23.715 евра).

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 25 СТЕПЕНИ Но, времето ќе биде променливо и нестабилно

Published

on

Во текот на следната седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ и истата ќе услови релативно високи пролетни температури на воздухот, и тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, понекаде тие ќе се искачат  и до околу 20 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до 25 степени.

Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски на следниот ЛИНК.

Continue Reading

Македонија

Маж и жена краделе од гробот на Ѓорѓи Ѓорѓиев – тапанар од групата ДНК

Published

on

На социјалните мрежи објавени се две лица, маж и жена кои краделе на гробот на починатиот Ѓорѓи Ѓорѓиев, тапанар од групата ДНК.

Како бе вака? Каде бе вака? Имате ли свест, совест, имате ли жал и сочувство? Малку ли им беше тагата на Ѓоргиеви, па на огнот да се дотура бензин? Два дена по ред машко и женско лице крадат од гробот на Ѓорѓи. Украдени се ангелчиња украси, цвеќињата, ја украле водата па дури и метлата…

Оставете ги луѓето достоинствено да тагуваат по чедото. Срамота, голема срамота…до таму стигнала работата да се нема грам човечност веќе!

Лицата се откриени од СВР-Струмица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк