Connect with us

Македонија

Денеска се слави Свети Јоаким Осоговски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 август и  се празнува и празникот Свети Јоаким Осоговски – Сарандапорски. 

Светец со силен култ во Североисточна Македонија 

Житието на свети Јоаким Осоговски сведочи дека тој се угледал на Игнатиј Богоносец „упатувајќи се како ѕвезда многу светла од запад кон исток, дојде во областите на планините Осоговски“. Значи, пустиножителството Свети Јоаким го започнал во селото Градец, во Осоговскиот крај, а потоа засекогаш се населил во една пештера во местото Бабин Дол во близината на Сарандапорската река, каде што останал до крајот на животот. Житието на овој светец сведочи дека педесет години по неговата смрт на местото каде што почивале неговите мошти бил ставен камен темелник на манастир што го носел неговото име.
Свети Јоаким Осоговски живеел во втората половина на XI век а умрел најдоцна во почетокот на XII век. Бил наречен Сарандапорски поради местото каде што живеел. Бил многу почитуван за што сведочи и неговата служба датирана во XIII век. Манастирскиот комплекс на Јоаким Осоговски бил основно светилиште на неговиот култ независно од црковните и политичките услови низ кои минел осоговскиот крај.

Свети Јоаким Осоговски и настанувањето на манастирот 

Биле си Свети Јоаким Осоговски и Свети Јован Рилски у Бугарија што је и Свети Отец Прохор Пчињски и Свети Гаврил Лесновски у Кратово. Тие биле како браќа ли, побратими ли, и заедно се испустувале у грдечката испосница. Ко дошло време да се посветуваат, фатиле четворицата на четири страни. Опростиле се понапред и фатиле на четири страни. Свети Отец отишу у Пчиња, Свети Гаврил у Кратово, там Лесново, а Свети Јован отишу у Бугарија. Свети Јаким ишал многу места. Обишал чак по Тлминци. Куде ишал, куде се пипнал, траги оставил – камењата меки. Па у мрамор како појау, на камењата пред него стои каленицата, лажицата, стапчето, ногите како му стојат – се (сам ишла како дете, познава се). Тамо има мраморни камења, еден рид и мрамор много има и такој го викат Мраморни Камења. После пошал од там и низ друм ишал нагоре. Ишал куде место горе Пашина Воденица. Аресало му се местото куде Пашина Воденица и тамо да се посвети. Арно ама, и вук прошал туј и рекал: „Овде нека да биде манастир, овде пут ќе биде!“ Аресало му се туј местото, убаво и туј се посветил и после туј је умрел, туј му је и моштието.

Арно ама, Турци викале дека све тој лажливо било, тоа не е истинско и они сакале Турците, да идат да пљачкат. Напаѓале го многу пати манастирот, ама не могале да успејат. Некој си Осман паша, станал, земел војска многу сас коњи, се наоружани и ќе идат сас сила да пљачкат. Е, претходно пљачкале некои други, па земале тија курните што у амам беше. Тија курни од тамо што крстиле деца, ги земале од тамо па туј ги донеле. Тија са од мермер како коритце ужлебано.
Арно ама на светијата му дојадело што нападнале Турците много пати. И еднаш кога ишла до Крс тамо до тој почивалиштето на Свети Јаким и удрвиле се туј. Не могле ни нагоре, ни надоле. Ни мож да се врнат ни мож да одат нагоре. Светијата ги удрвил. Тога почнал тој Осман паша да се љути.
– Свети Јакиме, пуштете не, ќе ти покриеме манастирот све сас црвена чоја!
И тогај се молил по турски и све тој обеќал дека сас црвена чоја ќе покрие манастирот. Што ќе прави он, нели обеќал од захвалност, мора тој Осман паша да го порие манастирот. Земе и купи тој чоја, та го покрие манастирот. Од туј после више никој не го закачал манастирот, демек сите признаваат дека е тој светија, дека како историско место, како светија.

Advertisement

Македонија

Драстичниот пад на просечното македонско семејство буди загриженост, просекот паѓа од 5 на 3 члена

Бројот на членови во македонските домаќинства се намалува со загрижувачка брзина, фрлајќи силна светлина врз длабоката демографска криза во земјата. Податоците од последните пописи се јасен показател: некогашните бројни семејства се претворија во мали, честопати „осамени“ заедници.

Според Пописот 2021, просечното македонско домаќинство денес брои само 3.07 члена. Ова е драстично различно од она што го памети историјата:

  • 1931 година: Просечното домаќинство било составено од повеќе од 5 члена.

  • 1971 година: Бројот паѓа под 5 члена.

  • 1991 година: Просекот е сведен на 4 члена.

Денес, најбројни се двочлените домаќинства, кои учествуваат со 26.85 отсто во вкупниот број. Овој надолен пад на семејствата, според експертите, е аларм за лошата демографска состојба.

Демографот Дончо Герасимовски е дециден: просекот од три члена е јасен показател за длабока криза.

„Пред неколку децении имало повеќедетни семејства со 8 или 9 деца, но од година во година сѐ помал е бројот на семејства со по 5 деца. Имаме стотина населени места со самци. Стареењето на населението е еден од факторите кој довел до тоа. Младото население се иселува, а бројот на живородени деца наместо кај нас да се зголемува, се зголемува надвор од границите на државата.“

Во 2024 година, околу 6.000 деца се родени во странство, бројка која континуирано расте. Најголем број семејства имаат само 1 или 2 деца, што не овозможува ни проста репродукција на населението. Сѐ подоцна се склучуваат браковите, со зголемување на возраста над 25 или 30 години, што автоматски го намалува бројот на живородени деца.

Според Државниот завод за статистика, домаќинството е дефинирано како економска категорија – група лица што живеат заедно, во ист стан, и заеднички ги трошат приходите. Тие може да бидат самечки, повеќечлени, семејни, несемејни или комбинирани.

Од вкупно 538.348 семејства регистрирани со Пописот 2021:

  • 43.39 отсто се семејства на брачен пар со деца.

  • 31.12 отсто се брачни парови без деца.

Интересни се податоците за самохраните родители:

  • Најмногу сами мајки со деца има во Општина Желино (9.64 отсто).

  • Најголемо учество на сами татковци со деца е регистрирано во Општина Шуто Оризари (2.7 отсто).

Македонија се соочува со сериозен предизвик: како да се спречи овој тренд на намалување на семејствата и како да се поттикне наталитетот пред земјата дефинитивно да влезе во зоната на неповратна демографска ерозија.

Continue Reading

Македонија

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ повикува на конечен и непроменлив македонски став по мигрантското прашање

Македонски Концепт, политичката партија која е дел од владината коалиција, излезе со силна и недвосмислена порака до јавноста, повикувајќи на изградба на широк политички консензус околу мигрантската политика. Од партијата бараат сите политички чинители во земјата да усвојат конечен и непроменлив национален став: „Никогаш мигранти во Македонија!“

Во соопштението се нагласува дека мигрантската криза веќе една деценија претставува клучно прашање во европската безбедносна и дипломатска агенда, кое ја менува политичката и општествената архитектура на континентот. Според Македонски Концепт, ова прашање со влезот во ЕУ ќе стане неизбежен дел од македонската надворешна политика, а земјата мора да биде подготвена со јасна и цврста позиција.

Критика за мигрантската политика на ЕУ, поддршка за САД, Обединетото Кралство и Израел

Од партијата ја поздравуваат актуелната владина стратегија на стратешко партнерство со САД, Велика Британија и Израел, оценувајќи ја како исправен и корисен пат за македонските државни интереси. Но, упатуваат критика кон европската мигрантска политика, за која тврдат дека е „прашање што ја убива ЕУ од внатре“.

Македонија – мала по големина, но значајна по геостратегиска позиција

Во соопштението се нагласува дека Македонија, како земја сместена на клучните европски коридори, мора да настапи проактивно и принципиелно:

со јасна политика за заштита на националната безбедност,

со цврста контрола на границите,

со рамноправно партнерство со ЕУ,

и со конкретни механизми против нелегална миграција, трговија со луѓе и криминални рути.

Партијата потенцира дека државата треба да се постави како одговорен и моќен фактор во европската безбедносна структура, но и како земја што ги штити сопствените интереси.

„Нашите деца треба да се вратат дома, мигрантите да останат во своите земји“

Особено силно одекна делот од соопштението во кое Македонски Концепт истакнува дека фокусот на државата мора да биде создавање услови македонските млади и иселени семејства да се вратат дома, додека мигрантските популации „треба да останат во своите држави и таму да ја градат својата иднина“.

Повик за надпартиско обединување

Македонски Концепт апелира до сите партии – леви и десни – да се обединат околу „идеологијата на здравиот разум“, со цел заштита на државните интереси и долгорочната стабилност на Македонија.

На крајот од соопштението стои дека само со единствен, јасен и непроменлив став државата ќе може да ја зачува својата безбедност и да ја зацврсти позицијата во актуелните геополитички процеси што го трансформираат европскиот континент.

Continue Reading

Македонија

Управниот суд ја претставува новата софтверска платформа за дигитално поврзување со јавните институции и Вишиот управен суд

upraven

Управниот суд на Република Македонија денеска ќе означи значаен пресврт во дигиталната трансформација на правосудството со промоцијата на нов, иновативен софтверски систем. Ова технолошко решение е дизајнирано да воспостави дигитална врска со сите јавни институции, како и со Вишиот управен суд, со што директно се влијае на поефикасното и побрзо функционирање на судскиот систем.

Промотивниот настан, посветен на „Софтверот за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи и Вишиот управен суд”, ќе собере високи претставници од правосудството и државните институции.

Пред присутните, важноста на овој проект ќе ја истакнат водечките луѓе на Управниот суд, претседателот Бурим Сејдини и заменик-претседателот Марта Телегравчиска

Свое обраќање ќе има и Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет на РСМ, кој се очекува да ја нагласи потребата од ваквите дигитални иницијативи како суштински елемент за напредок на судството.

Деталната презентација на самиот систем за дигитализација ќе биде изведена од претставник на компанијата „ЕДУСОФТ ДОО“ Скопје, која е носител на проектот за јавната набавка и е одговорна за имплементацијата на ова клучно технолошко унапредување.

Оваа иновација претставува значаен чекор кон модернизација на административното правосудство, обезбедувајќи потранспарентна и побрза размена на документи и податоци меѓу институциите, што директно ќе ја унапреди услугата кон граѓаните и правните лица.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг