Connect with us

Македонија

Најнова вест: ДЗСИ со извештај по смртта на 25- годишното момче од Берово, починато по интервенција на заб

Published

on

Државниот санитарен и здравствен инспекторат по допрен глас за починат пациент од Берово после хируршка интервенција на заб, изврши вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде се јавил на преглед во врска со здарвствената состојбта која завршила си смретн исход ,при што е констатирана следната фактичка состојба:

-посета кај матичен стоматолог :

-Од увид во индивидуалниот стоматолошки картон е утврдено дека од 10.08.2022 год Д-р.Слободан Рушковски од ПЗУ Д-р.Рушковски-ординација по општа стоматологија во Берово е матичен стоматолог на пациентот Ј.Д., кога за прв пат е извршен стоматолошки преглед при што е утврдено присуство на огромен оток на десна страна без можност да се изврши орален преглед поради болка и присутен тризмус (вкочанетост на долната вилица).Веднаш е креиран спец.упат до спец.по орална хирургија при ПЗУ Д-р.Чавков – Д-р.Бајрактаров орална -специјалистичка ординација по орална хирургија во Струмица) во мој термин за 09.30 часот на 11.8.2022год, Од увидот во здравствената евиденција и електронскиот систем е констатирано дека упатот не е реализиран ,односно пациентот не се јавил на преглед.Препишана антибиотска терапија од страна на матичниот стоматолог.

На 13.08.2022год пациентот Ј.Д. во 22.30 часот( сабота) поради болка и оток повторно се јавил на преглед при што како итен случај повторно е упатен до специјалист , но овој пат специјалист максилофацијален хирург при ЈЗУ КБ Штип .

-посета кај матичен лекар :

Истиот ден , на 10.08.2022г. по препорака на матичниот стоматолог пациентот се јавил кај матичниот лекар Д-р.Ванчо Ременски при ПЗУ Поликлиника Биомедика при што од извршениот преглед било констатирано оток и болка во десна букална и субмандибуларна регија, при што од страна на матичниот лекар е ординира друг антибиотик и остната супортивна терапија..

На ден 13.08.2022год пациентот Ј. Д. дошол на контролен преглед при што е констатирано и понатаму присуство на оток и болка , назначено да продолжи со препорачаната терапија.

На 19.08.2022г.во индивидуалниот картон е заведен извештај (прилог кон отпусно писмо) од ЈЗУ КБ Штип-Максилофацијална хирургија од Д-р.Владимир Милошев со назначена терапија .

-Посета ВО ИМП-Берово

Од увид во амбулантскиот дневник на Итна медицинска помош Берово на 21.08.2022г. во вечерните часови ( не е прецизиран часот) заведен е преглед на пациентот Ј. Д кој побарал здравствена помош поради општа лоша состојба со постоечка инцизиона рана со дрен, извршена е тоалета и преврска на раната, ординирана амп.Диазепам и.м, дадена оксигена терапија (кислород), препорачано земање на табл.Парацетамол за дома , со напомена ако е потребно веднаш да се јави повторно на преглед на ИМП. На 22.08.2022г. во 02.30 часот пациентот Ј.Д. со придружба од семејството повторно дошол во ИТМ-Берово каде поради влошена општа состојба му е ординирана терапија физиолошки р-р 500мл и амп.Новалгетол 5 мл( и.м) и со возило на ИМП-Берово во придружба на мед.сестра е транспортиран до ЈЗУ КБ-Штип каде веднаш е примен

-лекување во ЈЗУ КБ _Штип :

-Пациентот Ј.Д прв пат се јавил на преглед во ЈЗУ КБ Штип на ден 13.08.2022g.во дежурна ургентна амбуланта каде дежурниот доктор д-р.Владимир Милошев спеијалист .максилофацијален хирург извршил преглед. Ординирана терапија , направена РТГ на глава и запис за прием на болничко лекување.

По приемот на хирушко одделение со максилофацијална хирургија извршена е екстракција на забот и киретажа , но бидејќи не е воспоставено спонтано дренирање извршена е екстраорална длабока инцизија со поставување на лашва за пасивна дренажа.

Пациентот е задржан на болничко лекување до 19.08. 2022 год. од каде по подобрување на општата и локална здравствена состојба , по извршена контрола на медијастинумот со цел утврдување на дистално ширење на инфекцијата направен е контролен Ртг на бели дробови и добиен уреден наод, направени се контролни лабараториски испитувања, со препорачана терапија е испишан на домашно лекување .Закажана е контрола за 2 дена односно за 21.08.2022г.

На 21.08.2022г. пациентот се јавил на контрола во ЈЗУ КБ-Штип каде е извршена преврска на инцизионата рана и повторно му е закажана контрола за 23.08.2022г.

На 22.08.2022г. во 04.40 часот поради влошена состојба ( обилно крварење од инцизионата ектраорална рана , фебрилен, со отежнато дишење и намалена сатурација со возило на итна медицинска помош од Берово е донесен во ЈЗУ КБ-Штип.

По пристигнување во ЈЗУ КБ-Штип пациентот Ј. Д. веднаш е спроведен во операциона сала , извршена е интубација и со општа анестезија пристапено е кон оперативна интервенција (подлабоко отварање на инцизионата рана .Истовремено се

земени се два бриса- не се најдени патогени бактерии според лабораторискот извештај додека резултатот од хемокултурата за време на инспекцискиот надзор сеуште е во тек. .

Истовремено телефонски е побарана консулатација со професоре д-р.Даница Поповиќ спец.максиолофацијален хирург од ЈЗУ УК-Максилофацијална хирургија во Скопје, која лично пристигнала во 08.30 часот на 23.08.2022г и дала насоки пациентот да не се транспортира во таква состојба во Скопје туку во наредните 24 часа да биде следена неговата состојба на одделението за интензивна нега со реанимација во ЈЗУ КБ-Штип .

На 23.08.2022г. поради влошување на здравствената состојба на пациентот Ј. Д., со болничко возило и во придружба на специјализант доктор по анестезија и главна мед.сестра на анестезија е пренесен на ЈЗУ УК-Карил во Скопје.

-прием на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ – ОЕ за анестезиологија , реанимација и интензивно лекување

Пациентот е примен на ден 23.08.2022 год по претходно креиран упат од страна на др Владимир Милошев од ЈЗУ КБ Штип за понатамошно лекување.

Пациентот е примен во крајно тешка состојба со знаци за септичен шок . Веднаш се преземени сите мерки за интензивно лекување, мониторинг, иследувања и терапија .

Пациентот доаѓаа со веќе извршена дијгностичко иследување КТ на белодробие после кое заради итноста на ситуацијата е повикан торакален хирург кој по преглед на компјутерскиот наод поставува торакален дрен.

И покрај сите преземени мерки согласно протокол кај пациентот настапува смрт на ден 24.05,2022 год., се наведува во извештајот на ДЗСИ

Македонија

Коњановски награди 35 талентирани ученици по повод Денот на заштитникот на Битола

Published

on

По повод Денот на заштитникот на Битола, „Свети Нектариј Битолски“, градоначалникот Тони Коњановски, денес ги додели наградите на учениците кои аплицираа на јавниот повик на општината за наградување на талентирани и наградени ученици. Критериумите во Јавниот повик, беа дефинирани од страна на просветни работници, претставници на училиштата, во соработка со претставници од општинската администрација и јасно ги дефинираа условите кои треба да ги исполнуваат учениците за да бидат наградени од општината. 

Градоначалникот Коњановски на денешниот настан, најави проширување на повикот и негово специфицирање по области, согласно искуството во изминатите 3 години.

„Ми претставува посебна радост, што на овој ден, имам чест да ги наградам најдобрите од најдобрите ученици, млади луѓе кои се иднината на нашата општина и нашата држава.

Пред 3 години, кога дадов предлог одбележувањето на овој ден да биде посветено на мотивација на најмладите, точно мојата визија беше насочена кон спроведување мерки кои ќе ги поттикнат учениците да учат, да се надградуваат, да се натпреваруваат, затоа што Битола е град од кој потекнуваат многу квалитетни музичари, спортисти, лекари, инженери, архитекти…

Досега спроведовме три јавни повици, на кои добивме навистина квалитетни апликации од кои без исклучок, сите го потврдуваат квалитетот и потенцијалот на нашите најмлади сограѓани. 

И секако, задолжената комисија за проверка на документите, секогаш ја има најтешката задача: да ги избере најдобрите од најдобрите, имајќи ги предвид критериумите зададени при изработка на јавниот повик од страна на општината во соработка со просветните работници, кои оваа година беа активно вклучени во цел процес.

Критериумите дефинирани во јавниот повик, беа изготвени врз основа на искуства од учество на натпревари на учениците, пренесени од наставници, ментори и директори на училишта, кои беа значајна поддршка за општинската администрација во подготовката на јавниот повик.

Иако деновиве се слушна и за некоја индивидуална иницијатива и донирање средства за награда на сите ученици кои аплицирале, изразувам благодарност за предлогот, но такви активности не се потребни, затоа што општината има доволно средства за награди, но целта на повикот е да се почитуваат поставените правила и критериуми, а кон оние кои не аплицирале бидејќи не ги исполнуваат условите, да не се покаже неправедност.

Заклучоците кои ги извлековме од досегашните три повици укажуваат дека секогаш е направен најдобриот избор, согласно поставените услови, но и ни покажуваат како можеме да бидеме уште подобри во интерес на најмладите.

Затоа, најавувам дека идната година, наградувањето на талентираните и наградени ученици ќе биде преку посебни јавни повици за три области: уметност, наука и спорт. 

На овој начин, преку посебно специфицирани услови адекватни на областа во која ученикот се натпреварувал, ќе се даде можност за секој ученик кој постигнал високи резултати, да биде награден, зошто секоја област има своја тежина и специфики. 

Ова мора да биде наш влог во нашата иднина – успешните млади луѓе, за кои имаме цел да ги задржиме мотивирани, инспирирани, полни со амбиција и желба за напредок.

Затоа драги ученици,

Ви благодарам на сите кои аплициравте на јавниот повик, ви благодарам на сите кои ја претставувате Битола на меѓународни и натпревари во државата, ви благодарам на сите кои со вашиот труд вложувате во себе, но и во иднината на нашиот град.

Им благодарам и на сите наставници, професори, ментори и директори кои се важна поддршка во животот на секој ученик.

Честитки до сите добитници на наградите! Верувам дека идната година ќе бидете уште поуспешни и секако многу побројни.

Нека ни е е честит Денот на заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски!“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Денешниот настан беше збогатен со програма во изведба на учениците од Државното музичко училиште, општинското основно училиште „Свети Климент Охридски“ и учениците од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.

Continue Reading

Македонија

Камерите на ГП Блаце биле со празни батерии кога Груби ја минувал границата со Косово

Published

on

Преземени дисциплински мерки за полициски службеници од ГП „Долно Блаце“

Во врска со преминувањето на државната граница на Граничниот премин „Долно Блаце“ од страна на А.Г. иако имал активна мерка на стоп листа „задржи и веднаш извести“, на 15.12.2024 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи и по извршени проверки, извршен увид во службените материјали и по извршена анализа од обезбедени снимки од безбедносните камери од ПС за ГП „Долно Блаце“, Одделот утврди дека полицискиот службеник Б.Ј. со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки за патничко моторно возило „мерцедес“ при премин на државната граница на излез од РСМ, не го евидентирал за остварување на излез од РСМ и патниците од предметното возило А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач во возилото ги завел дека пешки ја поминале границата, односно со пропуштање на должниот надзор извршил гранична проверка во системот СКПВ за лицето А.Г. и при тоа не почекал системот да утврди дали предметното лице има активна мерка „задржи и веднаш извести“ туку веднаш на лицата им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин. Со наведените дејствија, Б.Ј. постапил спротивно на чл. 12 т.1, чл. 13 с.1 т.8 од Законот за гранична контрола, со што сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина. Во врска со настанот, од страна на Одделот за внатрешна контрола до ОЈО за ГОКК – Специјализирано оддление за гонење на кривични дела сторени од страна на полициски службеници и затворска полиција доставено е известување заради запознавање на јавниот обвинител.

Исто така, од страна на ОВККИПС беше утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. било сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина бидејќи истиот како раководител на смена имал обврска навремено да ги задолжува и раздолжува полициските службеници на смена со Мобилен систем за снимање со камери и тоа уредно да го евидентира во Евиденцијата за задолжување и техничка исправност на МССК. Истиот откако ги задолжил сите полициски службеници со МССК и истото го завел во евиденцијата, во 07.30 часот, од страна на полициски службеници Б.Ј., С.Ф., Б.А., Ф.Ф. и Е.Ш., било пријавено дека МССК не им работат бидејќи им се испразниле батериите. Од страна на раководителот на смена Б.А. истите полициски службеници не биле задолжени со други МССК, бидејќи батериите не можеле да се наполнат. Од извршениот увид во горенаведената евиденција од страна на ОВККИПС исто така беше утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. откако МССК биле вратени, истите не биле заведени во графите како раздолжени во самата евиденција, а воедно и не ја пополнил графата за забелешка каде што требало да го нотира настанатиот проблем со МССК.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесен е предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против Б.Ј. и Б.А.. Против полицискиот службеник Б.Ј. Одделот изрече задолжителна мерка отстранување од работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

Извор: 24инфо

Continue Reading

Македонија

Полицијата почна да ги чисти соспствените редови

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Р.А. од Скопје поради постоење основи за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен како началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во периодот од октомври 2022 година до јуни 2024 година, во месечни интервали и континуирано, две вработени со статус на овластено службено лице на работно место виш документарист во единицата, со кој што раководи, ги предвидувал и одобрувал во плановите и групите за домашно дежурство како извршители.

Пријавениот, постапувајќи спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР за домашно дежурство, на вишите документаристи кои немаат статус на полициски службеници им овозможил да бидат ангажирани за домашно дежурство, со што се стекнале со противправна имотна корист од 79.804 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк