Connect with us

Македонија

Нови факти за автобуската несреќа кога автобусот на „Беса транс“ целосно изгоре

Во интервју за БНТ, Милева вели дека досегашната истрага утврдила нови факти поврзани со она што се случило во трагичната ноќ на 23 ноември лани, кога автобусот на „Беса транс“ целосно изгоре

Предистражната постапка за сообраќајката со македонскиот автобус во која изгореа 46 лица е прекината, соопшти портпаролката на главниот обвинител, Сијка Милева. Причината за ова е што бугарските обвинители бараат повеќе сослушувања од нивните колеги во Северна Македонија.

Во интервју за БНТ, Милева вели дека досегашната истрага утврдила нови факти поврзани со она што се случило во трагичната ноќ на 23 ноември лани, кога автобусот на „Беса транс“ целосно изгоре.

Заштитната ограда ја заглавила вратата, пред која патниците се наоѓале во очајнички обид да излезат.

„Ова е огромна трагедија која ќе остане во мојот ум. Случај без преседан. Неспоредлив во историјата. Така беше дефиниран овој случај. Увидот траеше повеќе од 24 часа. Почна во темнина и заврши во темнина. Јавниот обвинител ја довери истрагата на тим од истражители од НСЛС, кои неуморно работеа под надзор на Окружното обвинителство – Перник“,изјави за БНТ портпаролката Милева, додавајќи дека на случајот работеа шест истражители и тројца обвинители, а собирањето докази заврши за само 10 дена.

„Сите пронајдени предмети одеднаш се вратени, а секој предмет е запечатен посебно. Извршени се 45 обдукции. Од секоја е земен биолошки материјал од кој е изваден ДНК примеро. Со барање за правна помош до правосудните органи во РСМ се бараа и се идентификувани роднините на жртвите, од кои е земен и ДНК примерок“,

Милева објаснува и дека седум дена траела компаративната анализа помеѓу ДНК примероците на починатите и оние на нивните роднини и на тој начин се идентификувани жртвите. Направен е и комплексен противпожарно-технички преглед, како и судско-медицинско вештачење за утврдување на причината за смртта на патниците.

„Утврдено е дека голем број од нив починале од задушување од пожарот и од термички удар. Овде имаме два настани – сообраќајна несреќа и пожар. Како последица на несреќата избувнал пожар. Од заклучокот на вештачењето, констатирано е дека возачот возел со неразумна и голема брзина, поради што изгубил контрола над возилото што го управувал. Колегите работеа и на верзијата за терористички чин. Направен е хемиски преглед, но дефинитивно не беше утврдено присуство на експлозивни материи. Македонските власти обезбедија целосна соработка во истрагата за овој трагичен случај. Со нив одржуваме многу добри пријателски и колегијални односи. Овде сакам да им се заблагодарам и на властите на Министерството за внатрешни работи и пожарникарите кои обезбедија целосна соработка во истрагата. За неодамнешното затворање на случајот, јавниот обвинител ги награди истражителите и лекарите кои работеа на случајот“,

Во моментов, предистражната постапка е прекината, бидејќи е подготвено второ барање за правна помош до македонските истражители. Тие мора како сведоци да ги испрашаат преживеаните во несреќата, како и роднините на жртвите.

„Тие треба да бидат информирани и за нивните права и обврски од бугарскиот кривичен процес и дали сакаат да им бидат презентирани материјалите од истрагата, како и да бидат информирани за текот на кривичната постапка“,

Во оваа кривична постапка во Бугарија беа сослушани 30-тина сведоци, меѓу кои возачот на автобусот, преживеаните патници и очевидци.

Николај Димитров, адвокатот на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од трагедијата на автобусот на „Беса транс“ на автопатот „Струма“ во Бугарија, за МИА во Софија изјави дека започнат е увид на теренот, чија цел е да покаже дали има причинско-последични околности кои довеле до несреќата.

Експертскиот тим го започнал увидот на три километри од местото каде што автобусот удри во банкината и се запали.

Македонија

Граничниот премин Евзони повторно прооден – заврши блокадата, сообраќајот нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) попладнево беше целосно одблокиран — од 15:00 часот движењето кон и од Грција се одвива непречено, информираат од Авто‑мото сојуз на Македонија (АМСМ).

Преходно, преминот беше блокиран од утринските часови, поради штрајк на грчки земјоделци, што предизвика привремено запрени граѓански и товарни возила.

Од АМСМ велат дека иако состојбата е нормализирана, останува можност граничниот премин повторно да биде затворен ако протестите продолжат.

За оние кои патуваат кон или од Грција — Евзони сега е прооден, но се препорачува да го следат сообраќајниот претпазливост и известувањата.

Товарниот сообраќај и автобусите сѐ уште треба да проверат дали ќе има дополнителни ограничувања во одредени премини.

Continue Reading

Македонија

243 нови содржини на македонски јазик на Викимедија МКД — Википедија збогатена со значајни статии

Во рамки на редовниот камп на Викимедија МКД, волонтери создадоа 243 нови содржини на македонски јазик за глобалната енциклопедија Wikipedia – потврди организацијата.

Кампот, кој се одржа на Попова Шапка, ги вклучи волонтерите во пишување енциклопедиски статии, дискусии и едукативни предавања. Како дел од активностите, експерти и координатори – меѓу кои м-р Ненад Шундовски, Орце Нинески, Лили Арсова, како и претседателот на Викимедија МКД – м-р Николче Стојаноски и извршната директорка Снежана Штрковска – одржаа предавања насочени кон насочување на учесниците и подобрување на нивниот придонес.

Како што посочи Викимедија МКД, целта на оваа иницијатива е не само да се збогати содржината на Википедија на македонски јазик, туку и да се поттикне активното учество на млади луѓе и ентузијасти во создавање и ширење на знаење достапно за сите.

Со оваа активност, Википедија на македонски јазик добива нови вредни содржини – што дополнително ја зајакнува нејзината улога како отворен и бесплатен извор на информации на мајчин јазик за граѓаните од целата држава.

Continue Reading

Европа

ЕУ најавува драстично заострување на миграциските правила — нови центри, затегнати контроли и затвор за одбиени баратели на азил

Европската Унија се подготвува да воведе најстроги миграциски мерки во својата историја, како одговор на растечки политички притисоци и зголемени миграциски текови, јавува регионалниот портал.

Што предвидуваат новите мерки?

Предлог-документот предвидува формирање на „центри за враќање“ (detention/return camps) надвор од територијата на ЕУ, каде што мигрантите со одбиено барање за азил ќе бидат сместувани и брзо враќани во безбедни држави.

За оние кои одбиваат доброволно да ја напуштат Унијата, се предлагаат две опции: долг притвор или присилно отстранување.

Како цел на овие мерки се наведува — „враќање на контрола“ над миграцијата и спречување на нелегалните влезови во Унијата.


Реакции и критики

И покрај падот на незаконските преминувања за околу 20 % во последната година, дел од земјите членки усвојуваат поостри позиции. Европскиот комесар за миграција изјави дека „ЕУ мора да функционира побрзо и поефикасно” за да ја врати довербата на граѓаните.

Сепак, мерките наидоа на остра критика од организации за човекови права, кои предупредија дека вакви политики ја зголемуваат ранливоста на мигрантите, отвораат можност за кршење на човековите права и создаваат „правна сива зона“ за илјадници луѓе.

Некои земји – како Франција и Шпанија – ги изразија своите сомнежи за законитоста и практичноста на предлог-центри надвор од ЕУ, предупредувајќи дека ваквите решенија веќе покажале дека можат да пропаднат.

Какво значење имаат новите мерки?

Ако се усвојат, овие правила најверојатно ќе претставуваат голема промена во миграциската политика на ЕУ — од политика на интеграција и азил, кон политика на строги контроли, затворање и враќање.

Тоа значи дека лицата со одбиен азил веќе нема да имаат можност за долго легално останување во земјите членки, a државите ќе добијат инструменти за побрзо справување со миграциските текови и заштита на границите.

Во меѓувреме, организации за човекови права и дел од земјите-членки предупредуваат дека без оддржлив механизам за интеграција, ваквите мерки може да доведат до раст на илегалната миграција, тешка социјална состојба и дополнително маргинализирање на ранливите категории.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг