Connect with us

Македонија

СКАНДАЛ: Ковачевски во криза дава 400.000 евра на омилената агенција на СДСМ Рејтинг

Published

on

Владата на Димитар Ковачевски, преку генералниот секретаријат во еден ден доделила два тендери во вкупна вредност од близу 400.000 евра на главниот анкетар на антимакедонската СДС, агенцијата РЕЈТИНГ СП-М ДООЕЛ Скопје, во сопственост на Никола Спасов, и тоа за осмислување и реализација на активности за учество на државата на 4-дневен Саем на вино, храна и туризам во Белград, и за осмислување и реализација на 1-дневен Фестивал на храна и вино во Македонија, изјави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека покрај бројните нарачани анкети своевремено агенцијата Рејтинг, била партиско биро за вработување на кадрите на антимакедонската СДС, имено истата анкетната куќа е фирмата од која што доаѓа Мартин Попов, сега шеф на кабинет на премиерот Димитар Ковачевски.

– Омилената рејтинг агенција на антимакедонската СДС во услови на криза и огромна сиромаштија, кога 500.000 наши сограѓани живеат со по 150 денари на ден, од владата на Ковачевски и нивниот поранешен вработен Попов добива близу 400.000 евра, истакна Томовски.

Додаде дека нерационално и криминално е да се трошат 400.000 евра народни пари во криза и општа сиромаштија, за работи за кои можат да се завршат и од страна на владините агенции, криејќи се зад превезот „промоција на Македонија“ практично плаќаат за партиска промоција во иднина.

– Нејасно е, што точно агенцијата Рејтинг треба да изработи за владата за саемска промоција за 4 дена, и истото да го наплати 400.000 евра. Дали со тие пари де јуре се покриваат само електронските флаери кои што ги видовме на фејсбук страницата на Димитар Ковачевски, а де факто се покриваат нарачаните анкети на партијата во иднина? – прашува тој.

Според него СДС треба да знае дека анкетите во реалност се прават за реални цели, а не за хранење на и тие малку партиски членови, кои ја имаат изгубено довербата во нив.

– Ниедна таканаечена промоција или анкета ќе ги спаси од пораз. Но за парите на граѓаните кои немилосрдно ги трошат во време на криза ќе мора да одговараат, нагласи Томовски

Македонија

Градоначалникот Висар Ганиу во посета на новата џамија во Топанско Поле

Published

on

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, денеска ја посети новата џамија во изградба во Топанско Поле – значаен верски и културен проект кој се реализира со поддршка на Претседателството за верски прашања на Република Турција.

За време на посетата, градоначалникот беше срдечно пречекан од директорот на подружницата на Турската верска фондација TEYAŞ (TDV) во Скопје, г. Фатих Кумаш. Двајцата разговараа за важноста на овој голем проект, кој ќе има значително влијание врз верскиот и општествениот живот во заедницата.

Со површина од 10.000 м², две минариња со висина од 48 метри и главна купола од 34 метри, оваа џамија ќе биде духовен и архитектонски симбол, обезбедувајќи простор за молитва, едукација и заеднички активности.

„Верата нè обединува и нè води кон највисоките вредности на хармонијата и солидарноста. Се молам овој проект успешно да се заврши и да стане место на благослов и мир за сите верници,“ истакна Ганиу.

Оваа џамија ќе има централна улога во верскиот живот на заедницата, служeјќи како место за духовен развој и социјална кохезија.

Continue Reading

Македонија

Претседателката посети гимназија која дала војводи, револуционери, херои, академици, научници, писатели и професори

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во посета на битолската гимназија ,,Јосип Броз Тито” која од почетокот на своето постоење на Македонија и дала војводи, револуционери, херои, академици, научници, писатели и професори.

,,Со особена чест и задоволство присуствував и се обратив на Свечената академија по повод 80 години настава на современ македонски јазик во битолската гимназија ,,Јосип Броз – Тито“.

Оваа гимназија ја прифати и сè уште ја остварува својата историска мисија да биде светилник на македонскиот јазик, култура и национален идентитет.

Успешната приказна на оваа гимназија не се раскажува, туку се живее преку делата на нејзините ученици меѓу кои биле славни војводи и револуционери, бесмртни народни херои, инспиративни академици, почитувани научници, писатели и професори”, објави Сиљановска Давкова по посетата.

,,Не случајно, во секоја македонска Влада има ученици од оваа гимназија.

Без знаење нема напредок, без јазик нема идентитет”, порачува претседателката на Македонија во врска со посетата на гимназијата во Битола.

Continue Reading

Македонија

СКАНДАЛ СО ВЛАДИНАТА ФАСАДА Петмина обвинети за злоупотреба, штета од милиони денари

Published

on

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против едно лице и обвинителен предлог против уште четири лица за злоупотреби поврзани со реконструкцијата на фасадата и илуминацијата на зградата на Владата. Според Обвинителството, со нивните постапки била нанесена значителна штета на државниот буџет, во вредност од над 184 милиони денари.

Обвинетиот, управител на градежна компанија, во периодот од февруари до април 2013 година свесно ги прекршил прописите за јавни набавки, со што се товари за кривично дело „Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

„Обвинетиот склучил договори за заеднички настап со три правни лица, со цел нивните ресурси да бидат земени предвид при евалуацијата на неговата понуда, но без намера тие навистина да бидат ангажирани во изведбата на работите. Истовремено, спротивно на Законот за јавни набавки, не пријавил други подизведувачи на кои планирал да им отстапи дел од работите“, наведуваат од Обвинителството.

Откако го добил договорот за јавна набавка, управителот не ги почитувал обврските од склучените договори, со што неговата компанија остварила финансиска корист од 470 милиони денари.

Дополнително, според обвинението, подизведувачот кој бил ангажиран за изработка на декоративни фасадни елементи не поседувал соодветна лиценца, а во изведбата користел материјал што не одговарал на проектните спецификации.

Заедно со управителот, обвинети се и тројца поранешни функционери и надзорници, кои, како што тврди Обвинителството, свесно дозволиле штетни и незаконски активности.

„Второобвинетиот, директор на владина служба, не ја исполнил својата службена должност и не реагирал на очигледните неправилности во начинот на изведба и употребените материјали. Иако добивал документација за материјалите, тој не поставил никакви забелешки“, стои во обвинението.

Трето и четвртообвинетите, како одговорни лица во процесот на надзор, не ги исполниле своите обврски и не проверувале дали вградените материјали се соодветни на проектните барања.

„Ова резултирало со значителна штета за државата, бидејќи елементи од несоодветен материјал биле вградени во објектот на Владата“, додава Обвинителството.

Обвинетите ќе одговараат пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Извор: plusinfo.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк