Connect with us

Балкан

Уапсена Северина, и се заканува затвор од 5 години

Северина Вучковиќ во вторникот попладне ја пречека полицијата на аеродромот во Загреб. Причина била семејна расправија меѓу Северина и нејзината сестра Маријана во стан во Сплит, пред очите на нивната мајка.

Досега се објавени различни верзии. Откако нејзината сестра ја пријавила, Северина тврдела дека таа била нападната, а медиумите објавија фотографии на кои се гледаат повредите на пејачката. Но, мајката на Ана застана на страната на Северина велејќи дека Маријана се повредувала сама низ станот.

Откако загрепската полиција ја приведе Северина Вучковиќ за семејно насилство, адвокатот Драгослав Трниниќ за локалните медиуми изјави каква евентуална казна би можела да добие пејачката.

Апсењето на пејачката Северина Вучковиќ уследи по барањето на колегите од Сплит за нејзино приведување заради криминалистичка истрага. Причина за сè и најава за претрес е непримерна расправија која се случила во вторникот во сплитскиот дом на мајката на познатата пејачка. Според пријавата на сестрата на Маријана, пејачката наводно се насочила кон неа со остар предмет пред очите на нивната мајка.

Балкан

Повторно блокиран патот кон ЕУ на Црна Гора – Ова се причините

Франција стави блокада на затворањето на две поглавја во пристапните преговори на Црна Гора со Европската Унија, но дипломатски извори од Брисел потврдуваат дека Подгорица следната недела ќе успее да затвори три други поглавја.

Според информации на TVCG, Црна Гора е подготвена да ги затвори поглавјата: Право на основање компанија и слобода на обезбедување услуги (3), Слободно движење на капитал (4) и Право на деловните друштва (6). Меѓувладината конференција, на која се очекува официјалното затворање, е закажана за 16 декември, пред седницата на Советот на министри за општи работи на ЕУ.

Сепак, Франција се спротивставила на затворањето на поглавјата Земјоделство и рурален развој (11) и Рибарство (13). И покрај последните консултации, тие две поглавја остануваат отворени, што го одложува напредокот во овие области.

Дипломатски извори информираат дека постојаните претставници на земјите-членки ќе се состанат повторно за време на викендот, со можност за дополнителни разговори и потенцијално затворање на уште некои поглавја пред конференцијата.

Црна Гора ги започна преговорите со ЕУ на 29 јуни 2012 година, откако статусот кандидат го доби во 2010 година. Досега ги има отворено сите поглавја и неколку привремено затворени, задржувајќи ја позицијата како најнапредната земја на Западен Балкан во процесот на европска интеграција.

Continue Reading

Балкан

Брисел притиска: Албанија мора да врати 33,5 милиони евра по откриените злоупотреби со ИПАРД фондовите

Европската Унија официјално побара од Албанија да врати 33,5 милиони евра од програмата ИПАРД 2, по утврдените нерегуларности во користењето на средствата во периодот 2020–2022 година, објави „Лајме јаворе“. Одлуката доаѓа по деталната истрага на Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), која идентификувала 52 случаи на злоупотреба на фондови наменети за албанските земјоделци и агро-прехранбениот сектор.

Во изјава за А2 CNN, Европската комисија била јасна: секој евроцент што бил искористен нерегуларно мора да биде вратен, нагласувајќи дека Тирана мора со „најголема сериозност“ да пристапи кон проблемот.

Локалните медиуми предупредуваат дека Албанија е најлошо рангирана во регионот по злоупотребени средства, дури полошо и од Турција. Дополнителен удар е суспензијата на финансирањето од ИПАРД 3 – вкупно 146 милиони евра, од кои 112 милиони се средства од Европската Унија. Доколку владата не спроведе корективни мерки, ризикува целосно губење на средствата до 2027 година.

Европската комисија потврдува дека е во тек билатерална постапка за да се утврди дали албанските институции ќе успеат да ја повратат довербата во системот.

Паралелно, предметот го отвори и албанското Специјално обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК), кое истражува како биле распределувани средствата, кој бил корисник, и кои институции или поединци стојат зад злоупотребите.

Continue Reading

Балкан

„Илинден“-Тирана му посакува успешен мандат на Клодиан Брахо и бара истрага за злоупотребите со бугарско потекло

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува на г-дин Клодиан Брахо, кој  беше избран за нов раководител на Специјалната структура против корупција и организиран криминал (СПАК).

Македонско друштво “Илинден“-Тирана очекува СПАК со приоритет да го истражи незаконското издавање на уверенија за бугарско потекло од албанските локални институции, како и влијанието што групите посредници за бугарски пасоши го извршија врз процесот на пописот во 2023 година на целата територија на Република Албанија.

Овие групи ја злоупотребија својата моќ и врски за да постават свои попишувачи, при што вршеа притисоци, закани и поткуп врз албанските граѓани со цел да ги принудат да се изјаснат како Бугари и да ги манипулираат податоците од пописот.

Дополнително, бараме истрага за незаконските активности на фондациите од Бугарија, кои делуваат со цел асимилација на автохтоната македонска заедница во Република Албанија, загрозувајќи го нејзиниот идентитет, култура и права.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана честита за достигнувања на СПАК во текот на последните три години под водство на г-дин Алтин Думани, надевајќи се дека понатамошната работа на г-дин Клодиан Брахо ќе биде успешна и во служба на транспарентноста и правдата.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг