Умре „Надежта“

Вчерашното невреме, покрај другите дрвја по градот, скрши и една од трите врби кои беа поставени во реката Вардар за време на проектот Скопје 2014.

„Вера“ и „Љубов“ се добри, настрада само „Надеж“. Проектот за нивно поставување чинеше над 250 илјади евра.

Скулптурата „Три врби во реката Вардар“ од авторката Искра Димитрова беше поставена во 2012 година.