Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева, објави СДСМ.

„ Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи. Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните.

Нека почива во мир“ пишува во објавата на владејачката партија.

Илинка Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје.

Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови.

Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година. Митрева беше претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно – европската иницијатива, шеф на собраниската група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО.

Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи на Република Македонија. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година на која останува се до 26 август 2006 година.

Таа беше одликувана со три ордени на Француската Република во 1998 и 2016 година, и третиот – највисокото француско одличје – Витез на Легијата на Честа” во 2021 година.

Како не излажа Пендаровски ?(Видео)

Дали државниот врв имал увид во францускиот предлог, очигледно да откако во вчерашното интервју претседателот на државата Стево Пендаровски истакна дека тој заедно со францускиот претседател Емануел Макрон го прецизирал предлогот во неколку точки.

Очигледно Пендаровски пред само 2-3 недели ја лажеше македонската јавност кога истакна дека го нема видено францускиот предлог.

Погледнете Видео 👇

https://fb.watch/eDtNVEuCFl/

(Видео) Драма на плажа во Црна Гора: Избркаа Украинци кои го вееја украинското знаме

Out… Вака почнува видеото снимено на една од плажите во Црна Гора.

На снимката се гледа поголема група Украинци која е избкрана од вработените на плажата поради тоа што со себе го носеле и вееле украинското знаме.

Погледнете: