Connect with us

Скопје

Збогум тато: Почина таткото на пратеничката Рашела Мизрахи

Published

on

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на социјалните мрежи се прости од својот татко.

Нејзиниот татко Виктор Самуел Мизрахи почина на 72 годишна возраст.

– Збогум тато. Велеше да се живее со достоинство, чест и образ на земјата, значи да се има мир на небото. До следно видување. Виктор Самуел Мизрахи (1950-2022), напиша Мизрахи на социјалните мрежи.

Скопје

Ганиу најавува рекордни инвестиции: Чаир влегува во нова фаза на урбан развој

Published

on

Со рекордни 8,7 милиони евра планирани за 2025 година, Општина Чаир започнува амбициозен инфраструктурен бран што ќе ги опфати сите урбани сегменти и маала во општината. Градоначалникот Висар Ганиу денеска на прес-конференција ги презентираше проектите што ќе се реализираат во рамки на овој развоен циклус.

Модернизација на подземните мрежи, реконструкција на улици, изградба на нови детски градинки, подобрување на јавните услуги и оформување на јавни простори се дел од приоритетите во програмата. Ганиу потенцираше дека ова претставува најголем буџет за развој досега и дека целта е Чаир да добие современ урбан изглед со подобрени услови за живот за сите граѓани.

„Ова не се само планови на хартија. Дел од проектите веќе се реализираат на терен, со инвестиции вредни над 2,7 милиони евра во маалата Дижон, Саат Кула и Серава“, истакна градоначалникот.

Проектите се финансирани со директна поддршка од Владата преку наменски фондови за општините. Ганиу порача дека оваа поддршка е претворена во реална имплементација, со јасен фокус на одржлив урбан развој и подобрување на секојдневието на граѓаните.

Со ова, Општина Чаир се позиционира како пример за локална самоуправа која сериозно инвестира во иднината на својата заедница.

Continue Reading

Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје, ова се деталите

Published

on

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (01.05.2025) со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р. Северна Македонија.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Од депонија до модерен парк – Кисела Вода добива ново зеленило за сите генерации

Published

on

Во општина Кисела Вода започнаа градежните активности за уредување на нов парк на просторот кај училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Просторот кој до вчера беше запуштена депонија, наскоро ќе биде трансформиран во модерен и уреден јавен простор наменет за сите генерации.

Градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека паркот ќе биде збогатен со парковско зеленило, дрвца, урбана опрема, современо осветлување и модерно детско игралиште. Како што најави, се планира хортикултурно уредување на целиот простор со цел да се создаде пријатна и естетски привлечна околина.

Проектот е реализиран со поддршка од општествено одговорна компанија, на која градоначалникот јавно ѝ се заблагодари, нагласувајќи ја важноста од ваквите партнерства за подобрување на животната средина. Благодарност беше упатена и до министерката за образование Весна Јаневска и директорката на училиштето Александра Јаковчевска, кои овозможија реализација на проектот.

„Ова е уште еден доказ дека промените се случуваат секојдневно и дека нема запирање. Нашите граѓани добиваат ново катче за одмор, рекреација и дружење на отворено,“ изјави Ѓорѓиевски.

Новото урбано јадро ќе им биде достапно и на учениците од училиштето и на жителите од поширокиот реон, претворајќи го запуштениот простор во место за заедничко користење и уживање.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк