Connect with us

Македонија

Девојка ја нуди својата мајка за жена на Никола Груевски

Published

on

Македонија

Пациентка од пожарот по две реанимации одлично се опоравува на пластична хиругија 

Published

on

Млада пацинетка која два пати била реанимирана и била во исклучително тешка состојба и по лекувањето во странство, повторно е на клиниката за пластична хирургија е пример за добар пациент, посочи министерот Таравари. 

Вкупно 57 пациенти се на болничко лекување девет се во Скопје. Двајцата пациенти кои се лекуваат во странство се уште се критични со сериозни повреди на белите дробови. Директорката на пластична хиругија посочи дека на младата пациентка утре ќе и биде на направна интервенција.

Министерот Таравари за починатиот 57 годишен човек на Клиниката за кардиохиругија посочки дека пациентот бил хоспитализиран, клиниката ги имала сите услови за интервнеција, но тој имал серозна состојба и висок крвен притисок.

За терапијата на Клиниката за онкологија посочи дека таа до вторник ќе биде на клиниката и дека треба измени законот во делот на тендерите, бидејќи поради административни процедури терапијата не може да стигне до пациентите.

Continue Reading

Македонија

Палевски пред судот со чудни тврдења – во Турција не бегал, туку „истражувал“ за Гоце Делчев

Published

on

Однесувањето на обвинителите кон мене беше крајно понижувачко, зашто прашуваа кај сведоците кај кој доктор сум имал закажано операција во Турција, а добро им е познато дека во мојот исказ пред нив од 5 јуни 2024, на обвинителката Цалева јасно и објаснив дека сакав да правам магнетна резонанца на друго место а не во Македонија. Кога правиш магнетна резонанца со неа добиваш и специјалистичко мислење, што за мене значи второ стручно мислење кое за мене значи дали ќе се оперирам или не, изјави Љупчо Палевски на денешното судење за убиството на Вања и Панче.

Палевски посочи дека една од причините за десетдневното патување била и посетата на воениот архив на Истанбул од каде, како што тврди тој, требало да земе копија и доказ дека во Баница на 4 мај 1903 година немало ниеден аскет. И дека Гоце Делчев не е убиен од турска воска туку од Врховистите.
Слободен Печат

Continue Reading

Македонија

Амбасадорот осомничен по пожарот во „Пулс“ се врати во Македонија – се бараат мерки на претпазливост

Published

on

Актуелниот македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, кој е и поранешен министер за економија, Дритон Куќи, се врати во Македонија. Обвинителството посочува дека за него се бараат мерки за обезбедување на присуство, додека се води постапката. Тој е последниот 19-ти осомничен во проширената истрага.

„Основното јавно обвинителство Кочани денеска до Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен на кого беше проширена истрагата за пожарот во кочанската дискотека ‘Пулс’“, вели Обвинителството.

Претходно, ексминистрите за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири добија куќен притвор, додека ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор, Шабан Салиу доби ефективен притвор. Ова се само дел од изречените мерки за новоосомничените за пожарот во кочанската дискотека, по проширшувањето на истрагата. Освен Салиу, уште три други лица добиле притвор, а Обвинителството не открива кои функции ги имале. Со Сарачини и Незири, притвор добија и други четири лица. Останатите осум осомничени – имаат мерки на претпазливост.

Се води истрага 47 лица, и три правни лица.

„Истрага се води и против седум полициски службеници. Се преземаат истражни дејствија“, додаде Коцевски.

Мерките на претпазливост се одредуваат поради опасност од бегство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк