Connect with us

Скопје

Артан Груби: Проевропското крило во опозицијата ќе ги поддржи уставните измени

Уставните измени мора да се случат, бидејќи без нив Македонија е во регрес, во статус кво и не може да оди напред и од овој процес апсолутно најголем добитник е македонскиот народ во РСМ, изјави денеска вицепремиерот Артан Груби.

Посочува дека проевропското крило во опозицијата е во подем во Собранието и оти ќе даде поддршка за уставните измени и оти веќе има контакти и комуникација со пратениците и со претседателите на политичките партии за, како што рече, начин на којшто и тие ќе ја дадат својата поддршка за европска Македонија.

-Сакам да појаснам дека уставните измени не дека ќе се случат, мора да се случат. Без уставните измени Македонија е во регрес. Без уставните измени Македонија е во статус кво и не може да оди напред и затоа секој што сака европска Македонија, секој што сака развој, секој што сака да ја види нашата земја рамо до рамо со членките на ЕУ ќе даде поддршка за уставните измени од коишто најголем добитник е македонската заедница во Република Северна Македонија затоа што конечно, конечно се прави одвојување на македонскиот народ од бугарскиот народ. И тоа со прифаќање на самиот бугарски народ којшто имаше други претензии. Како што знаете, се до вчера. Од овој процес најголем добитник апсолутно е првенствено македонскиот народ во РСМ и сите граѓани на државата затоа што сметам дека се заокружува целокупната тапија на државноста на РСМ, изјави Груби кој денеска беше во Арачиново.

Според него, се потврдува од страна на Бугарите дека има апсолутно одвојување, дека постои македонскиот народ и македонскиот јазик и дека тоа е реалност и тие го прифаќаат тоа со овие уставни измени.

-Значи, имаме посебна заедница на Бугарите во РСМ која што не е повеќе од 3 500 граѓани како што видовме со последниот попис и дека сите други се Македонци кои зборуваат македонски јазик и се дел од македонскиот народ, вели Груби.

Скопје

Дел од Сарај и високата зона во Ѓорче Петров денес без вода

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, денеска е регистриран прекин во водоснабдувањето за повеќе населени места.

Прекинот е предизвикан од дефект на затворач со пречник Ф-350 мм на улица 20 во населбата Сарај. Прекинот ќе трае од 07:30 часот до целосно санирање на дефектот.

Без вода ќе останат корисниците од следниве населени места во Општина Сарај: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и Сарај

Исто така, прекинот ги зафаќа и високите зони, односно повисоките катови на зградите во населбата Ѓорче Петров.

Continue Reading

Скопје

ЦУК предупредува: „Ексклузивните“ објекти на Водно се под ризик од свлечишта

Скопје, 9 декември 2025 – Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, алармира дека на падините на Водно се наоѓаат објекти кои се директно загрозени од свлечишта и нестабилно земјиште.

„Ризикот мора да се сфати сериозно – можно е да настрада човек ако не се реагира навреме“, рече Ангелов во гостување на ТВ Телма. Според него, делови од теренот веќе се нарушени, земјиштето продолжува да се лизга, а неколку потпорни ѕидови се урнати.

Ангелов посочи дека проблемот не е ограничен само на еден потег на падината и дека се неопходни брзи мерки, засилен мониторинг и процена на стабилноста на критичните зони. Институциите веќе работат на оваа проблематика, а во ЦУК се одржани неколку координативни средби на кои врвни професионалци активно се вклучени.

„Жителите на Водно често не ја сфаќаат целосната опасност бидејќи се навикнати на животот во тој предел. Но, видеа и искуства од целиот свет покажуваат дека свлечишта можат да предизвикаат сериозни штети и да загрозат човечки животи“, предупреди Ангелов.

Директорот на ДЗС нагласи дека медиумите имаат значајна улога во подигнувањето на јавната свест, особено кај луѓето кои живеат на Водно, за да се избегнат штетни последици пред да биде предоцна.

Зачестените извештаи за пукнатини на објекти и движење на земјиштето на Водно во последниот период дополнително ја зголемуваат загриженоста во јавноста.

Continue Reading

Скопје

Скопје ја зацврстува врската со Дижон: Партнерството во полн развој

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа работна средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, на која беа поставени темелите на визијата за нашиот главен град.

Ѓорѓиевски пред високиот гостин ја презентираше својата развојна стратегија за Скопје, базирана на најстрогите европски стандарди, зелени политики и продлабочена меѓународна соработка.

Главен фокус беше ставен и на оживување и унапредување на партнерството со збратимениот град Дижон. Двете страни интензивно разговараа за конкретни можности за нови заеднички проекти и иницијативи кои директно ќе го подобрат животот на граѓаните.

Градоначалникот Ѓорѓиевски беше јасен и недвосмислен:

„Нашиот стремеж е Скопје целосно да ги интегрира европските стандарди во секој сегмент – од економскиот развој и културата до зелените политики! Ова е патот кон модерна европска метропола!“

Амбасадорот Ле Риголер, пак, ја изрази целосната подготвеност на Франција да не остави Скопје да чека!

„Подготвени сме да го споделиме нашето богато искуство и иновативни иницијативи кои ќе дадат огромен придонес за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во Скопје!“

На крајот, двете страни се согласија дека континуираната институционална комуникација е важна за отворање на нови, долгорочни партнерства и мега-проекти. Ѓорѓиевски е убеден дека оваа соработка е голем чекор кон оформување на Скопје како современ европски град, ориентиран кон иновации и меѓународна отвореност.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг