Таче како ,,селска визитарка”: Во понеделник заминува во Бугарија да моли за струја

Откако во Белград на самитот на Отворен Балкан се расправаше за заеднички настап на трите земји за справување со енергетската криза, премиерот Димитар Ковачевски в понеделник ќе отпатува во Софија на разговори со бугарските власти за можна меѓусебна координација и помош меѓу Бугарија и Македонија. Во македонската делегација на оваа работна посета ќе има претставници од ресорите економија и енергетика. Засега нема најави со кого ќе бидат средбите од бугарска страна, иако е нормално да се очекува за кризата сигурно да разговараат двајцата премиери – Ковачевски и Галаб Донев.

Иако генерално е мал корисник на гас, Македонија го добива целото нејзино снабдување преку руски гасовод кој поминува низ Бугарија.

На прес конференцијата по завршувањето на самитот на Отворен Балкан Вучиќ, Ковачевски и рама изјавија дека нѐ чека тешка зима. „ако зборувам поинаку не би било фер и не би ја зборувал вистината. Ќе се обидеме како Западен Балкан да побараме делумно помош за купување енергија преку Европската унија. Ако ни успее тоа, многу ќе ни помогне. Ако со Македонија имаме заедничка гасна конекција би си помагале едни со други. Но, тие немаат гас, а ние немаме капацитети“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Примерот ни е како селска визитарка, коментира граѓанин на социјалните мрежи за патувањата на премиерот Ковачевски.