Вучиќ: Вишокот на храна ќе го делиме со братска Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и македонскиот премиер Димитар Ковачевски на самитот на иницијативата Отворен Балкан во Белград, договорија формирање на заедничко тело кое ќе служи за споделување на вишокот енергија и храна во трите земји.

“Се наше ќе им биде достапно и на Македонија и на Албанија” – истакна Вучиќ

Србија речиси целиот свој гас го увезува од Русија, а околу 70 отсто од своите потреби за електрична енергија произведува во стари термоцентрали.

Македонија исто така е зависна од фосилни горива, во помал обем и од хидроенергија, а земјава не произведува доволно струја за своите потреби, па мора да извезува. Албанија поголемиот дел од електричната енергија го произведува во хидроцентрали.