Connect with us

Скопје

Кои скопски маркети ги исклучија ладилниците за да заштедат струја?

Published

on

Повеќето скопјани велат дека во најголем дел се исклучени фрижидерите за пијалоци, па така ако сакате да купите сок или вода ќе ги земете од фрижидер, но нема да бидат студени.

Уште во петокот имаше реакции дека прв кон оваа мерка прибегнал синџирот маркети „Тинекс“ во Скопје.

-Алкохолот, соковите и водата се топли бидејќи фрижидерите се исклучени, а продавачите велат дека таква „наредба“ добиле од владата, ова во изјава за Скопје Инфо го раскажува скопјанец, кој деновиве пазарел во маркетите на компанијата.

– За млечни не знам, не проверив, ама Тинекс (конкретно Супер Тинекс кај Бриколаж) изгасени фрижидери со алкохол, сокови, вода, споделува скопјанка.

-Некој вчера пишуваше за Веро дека кај месото и овошјето имало лоша миризба, така што внимателно, порача еден граѓанин.

-Засега во Кам и Стокомак не сум приметил дека ги гасат, ова го зборувам како купувач, споделува еден скопјанец.

Внимавајте од каде купувате месо, месни и млечни производи бидејќи дел од скопските маркети и продавници ги исклучија фрижидерите како мерка за заштеда на струја. За ова сведочат голем број граѓани.

Повеќето скопјани велат дека во најголем дел се исклучени фрижидерите за пијалоци, па така ако сакате да купите сок или вода ќе ги земете од фрижидер, но нема да бидат студени.

Уште во петокот имаше реакции дека прв кон оваа мерка прибегнал синџирот маркети „Тинекс“ во Скопје.

-Алкохолот, соковите и водата се топли бидејќи фрижидерите се исклучени, а продавачите велат дека таква „наредба“ добиле од владата, ова во изјава за Скопје Инфо го раскажува скопјанец, кој деновиве пазарел во маркетите на компанијата.

– За млечни не знам, не проверив, ама Тинекс (конкретно Супер Тинекс кај Бриколаж) изгасени фрижидери со алкохол, сокови, вода, споделува скопјанка.

-Некој вчера пишуваше за Веро дека кај месото и овошјето имало лоша миризба, така што внимателно, порача еден граѓанин.

-Засега во Кам и Стокомак не сум приметил дека ги гасат, ова го зборувам како купувач, споделува еден скопјанец.

Скопје

Ѓорѓиевски ќе биде кум на Балаклија во Црниче наредната година

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес го прослави празникот Источен Петок – Балаклија заедно со жителите на Црниче, на култното место кое од минатата година е повторно достапно за јавноста. Празникот, кој се одбележува во Светлата Недела, е посветен на Пресвета Богородица и е еден од најзначајните духовни денови за православните верници.

„Нека е за многу години овој голем празник. Огромна чест ми е што следната година ќе бидам кум, тоа е дар од Бога“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека празникот има длабока симболика, бидејќи според преданието, токму на овој ден Пресвета Богородица му ги измијала раните на Исус Христос, а водите од изворите стануваат лековити.

Градоначалникот потсети дека минатата година изворот во Црниче бил ослободен од узурпација и повторно вратен на граѓаните, уреден со содржини кои овозможуваат духовен мир, уживање и рекреација.

„Горд сум на сплотеноста на мојот народ на вакви денови. Македонија е богата земја, а нашата меѓусебна љубов и почит се таа сила што не одржува низ вековите“, порача Ѓорѓиевски, честитајќи им на сите верници со желби за здравје и бериќет.

Continue Reading

Скопје

Престрелка на Бит-пазар: Две групи пукале меѓу себе, во престрелката повредено едно лице

Published

on

Денеска, околу 14 часот, во СВР Скопје било пријавено пукање од огнено оружје на улицата Војдан Чернодрински во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар.

Полициските службеници утврдиле дека се работи за престрелка помеѓу две групи, кои броеле по пет до шест лица, а при престрелката едно лице било повредено и пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот полицијата пронашла повеќе чаури од оружје, а причинета е и штета на неколку изложни стакла од продавниците и околните објекти, како и на неколку паркирани возила. Во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопје

Пукање на Бит Пазар!

Published

on

Попладнево имало пукање во близина на Бит Пазар, објави ТВ21.

Неофицијално, се сомнева дека има една жртва.

Пукањето се случило во близина на Полициска станица Бит Пазар.

На терен има дополнителни полициски сили.

Според првичните информации, повредена е и жена, минувач.

Извор: ТВ21

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк