Пациент во психијатриска болница организирал журки, продавал дрога и носел проститутки

Во Виетнам, Нгујен Џуан Куј ја претворил својата болничка соба во соба за авантури. Собата била опремена со светла и микс маса за диџеи. Носел и проститутки и дрога во болницата и организирал забави за пациентите и вработените. Заедно со соучесник биле осудени на смрт, бидејќи управувале со мрежа за продажба на лекови од психијатриска болница.

На 31 август, судот во Ханој пресудил дека 39-годишниот Нгуен Кјуан Куј ќе биде погубен за кривични дела поврзани со купување, продажба, организација, употреба и поседување нелегални дроги. На смрт е осуден и неговиот соучесник Нгујен Ван Нгоц, кој беше осуден по две точки од обвинението за трговија со дрога. Од болницата продавале мдма, кетамин и метамфетамин.