Connect with us

Балкан

(ВИДЕО) Како изгледаше страшното невреме во Солун: Силен дожд ги поплави улиците и продавниците

Published

on

Солун минатата ноќ повторно го зафати големо невреме, кое предизвика поплави низ улиците, а на некои места има и прекин на електрична енергија, објавија грчките медиуми.

Цивилната заштита издала предупредување до граѓаните и ги информирала жителите за претстојното невреме.

Цел тунел бил поплавен во Солун. Штети имало и во предградијата на Солун, во Переа. Штети биле забележани и на места на патот кон Халкидики, најмногу во Неа Каликратија. На тие места многу куќи претрпеле значителни поплави.

Пороен дожд и грмотевици се очекуваат од недела навечер до понеделник попладне низ поголемиот дел од земјата, се наведува во написите.

Балкан

Радев се сретна со претседателот на бугарскиот клуб од Битола

Published

on

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Софија се сретна со Љупчо Георгиевски, претседател на згаснатиот бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ од Битола, Според соопштението од кабинетот на радев, Љупчо Георгиевски изразил надеж дека бугарската заедница во Македонија што поскоро ќе биде вклучена во уставот, со што ќе се создадале уставни гаранции за заштита на нивните права, ќе се отвори патот на државава за почеток на преговори за членството во ЕУ, како и да се стимулира културна и образовна размена меѓу двете земји.

Радев очекува Македонија „во најбрз можен рок да се вклучат Бугарите во уставот на земјата и да се продолжи со имплементација на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, кој е составен дел од преговарачката рамка. Ова е очекуван и важен чекор за развој на полноправна соработка меѓу Бугарија и РСМ, како и за стабилноста и просперитетот на целиот регион“.

Пред два дена во Битола продолжи судењето на Љупчо Георгиевски. Клубот „Ванчо Михајлов“ е избришан од Централниот регистер, ама сега членовите регистрираа нов клуб под името „Една роза“ и ги задржаа просториите во објектот на улица „Рузвелтова“ во Битола во некогашното еврејско маало. Адвокатот на Георгиевски, Насер Рауфи го одолговлекува судењето во недоглед. Следното рочиште е закажано за 28 јануари следната година.

Continue Reading

Балкан

Српската опозиција в понеделник со протест пред Владата

Published

on

Парламентарните опозициски партии во Србија, ќе организираат в понеделник попладне протестен митинг пред зградата на Владата, соопшти Народното движење на Србија, јавија српските медиуми.

Како што се додава во соопштението, на средбата ќе бидат изнесени следните барања:

1. Оставка на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ

2. Објавување на сите тајни договори поврзани со реконструкција на Железничката станица во Нови Сад

3. Итно апсење на сите одговорни за убиството на 14 лица и ослободување на сите невини и незаконски приведени лица

4. Вонредна контрола на сите инфраструктурни проекти што се започнати или работени во изминатите 10 години.

По смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад, кога врз нив се урна бетонска настрешница, во вторникот беше организиран протест во тој град.

Continue Reading

Балкан

Борисов: На сите им е јасно дека ќе има нови избори

Published

on

„Бугарија е веќе во состојба во која не се зборува за перспектива, стабилност, безбедност и цели“, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на почетокот на Националната конференција на партијата, пренесува БГНЕС.

„Вчера потпретседателката рече дека изборот на овој парламент е нелегитимен. Тоа значи дека според претседателската институција сите одлуки што се носат се нелегитимни. Тогаш зошто ние се собираме во понеделник да дадеме заклетва, зошто е даден овој ден и време? Тоа е во надлежност на претседателот да го свика Уставниот суд и да ги откаже изборите, а не да ги продолжи овие игри со делумните откажувања“, коментира тој.

„На сите им е јасно дека ќе има нови избори. Сите партии се однесуваат како да се во предизборна кампања. Ова е последен обид од моја страна до понеделник да имаме помудра политичка класа“, рече Борисов.

Тој ја повика потпретседателката Илијана Јотова да се извини за вчерашниот коментар дека изборите за 51. Народно собрание биле нелегитимни, или претседателот Радев да го повлече указот.

Тоа значи борба меѓу властите, рече Борисов, а со тоа и уште потешка политичка криза. Тој изјави дека верува оти води легитимно избрана партија.

Извор: БГНЕС

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк