Connect with us

Свет

Доларот експлодираше: Вредноста на доларот го надмина еврото

Published

on

На азиските берзи утрово се тргува внимателно бидејќи развојот на ситуацијата во повеќето економии во светот не поддржува поризични инвестиции, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново највисоко ниво во последните 20 години.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,4 отсто околу 6:30 часот.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи ослабе за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 0,2 и 1,2 отсто. Во Австралија и Шангај се зголемени за 0,1 отсто. На азиските берзи има претпазливост бидејќи новите макроекономски податоци укажуваат на натамошно забавување на растот на кинеската економија, што може да има негативно влијание врз другите економии во регионот.

Покрај тоа, инвеститорите се загрижени за ситуацијата во Европа, каде енергетската криза може да предизвика рецесија. За време на викендот, Германија објави дека планира да потроши 65 милијарди евра за заштита на граѓаните и бизнисите од зголемените трошоци, додека Финска и Шведска понудија финансиски гаранции за да ги одржат енергетските компании отворени.

Сето тоа е последица на недостигот на енергенси и силното зголемување на нивните цени поради војната во Украина. Дополнително, поради високата инфлација, се очекува дополнително агресивно зголемување на каматните стапки и во САД и во Европа, што дополнително ќе го забави растот на економиите.

На валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително порасна, откако растеше три недели по ред, достигнувајќи ново 20-годишно ниво. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава достигна 110,08 поени, додека во петокот навечер беше 109,50 поени.

Еврото е под притисок бидејќи рускиот енергетски гигант Газпром во петокот соопшти дека нема да продолжи со испораките на природен гас за Германија преку Северен тек 1 поради истекување масло. Тоа може да ја продлабочи енергетската криза во еврозоната и да ја турне економијата во рецесија. Од друга страна, рекордно високата инфлација во зоната ја притиска Европската централна банка за агресивно заострување на монетарната политика. ј

Свет

Пентагон истражува протекување на доверливи информации

Published

on

Министерството за одбрана на САД спроведува внатрешна истрага за „протекување на информации за националната безбедност“, но не прецизираше за што се работи.

Во дописот на началникот на Генералштабот до секретарот за одбрана, Пит Хегсет од синоќа, се споменува „неодамнешно неовластено откривање“ на таквите информации.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли тврдењата дека неговиот советник Илон Маск ќе биде информиран за тоа како САД хипотетички ќе војуваат со Кина.

-Доколку истрагата утврди кој е одговорен за неовластено објавување информации, ќе следи кривично гонење, се наведува во меморандумот.

Секретарот за домашна безбедност, Кристи Ноем вети овој месец дека ќе го засили тестирањето на персоналот со детектор за лаги за да се утврди кој би можел да објави доверливи информации во медиумите.

Министерството за правда вчера објави истрага за „селективно протекување на неточни, но сепак доверливи, разузнавачки информации“ за венецуелската банда „Трен де Арагуа“, чии членови во САД се цел на администрацијата на Трамп.

Continue Reading

Свет

Да се стори нешто против кршењето на демократијата од страна на судството

Published

on

Најблискиот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, смета дека е потребно да се преземат мерки против кршењето на демократијата од страна на судството.

,,Треба да се направи нешто за да се запре повтореното и еклатантно кршење на демократијата од страна на судството. Тоа им е очигледно на сите” , напиша Маск, кој го води американскиот Оддел за владина ефикасност и е еден од најбогатите луѓе на светот.

Маск реагираше на веста дека судиите на американските Окружни судови издале рекорден број национални забрани против администрацијата на Трамп, што се смета за значителна злоупотреба на судската власт.

Некои американски конгресмени најавија дека ќе воведат законска регулатива за да се стави крај на оваа злоупотреба.

Continue Reading

Свет

Инвестиции директно во образованието, не во министерство

Published

on

Министерството за образование на САД е пред укинување поради неисполнување на задачите за кои било формирано пред 45 години. Стотиците милијарди долари вложени во него не донеле значителни резултати, а состојбата на училиштата е ужасно лоша. Претседателот Доналд Трамп побара средствата да се вложат директно во ефикасно образование.

Во САД, образованието се управува од сојузните држави, без министерство за образование, освен во краткотрајниот експеримент во 1867 година. Образованието е задолжително, а до 2013 година, 87% од децата биле запишани во јавни училишта.

Министерството за образование има околу 4.000 вработени, кои годишно заработуваат во просек 150.000 долари, двојно повеќе од просечната плата во Вашингтон. Во 2019 година, Министерството потрошило 71 милијарда долари од федералниот буџет, но нивните резултати и трошоци не можеле да се оправдаат.

Демократите бараат повеќе инвестиции во образованието, истакнувајќи ги ужасните услови во училиштата и ниските оценки по читање и математика. Иако се вложени милијарди долари, резултатите се мали, а владините кредити за студирање ја зголемуваат цената на школарините.

Министерството беше формирано за да обезбеди еднаков пристап до образование за малцинствата, но денес станува пречка за остварувањето на овие цели. Многу родители, вклучувајќи 70% од Афроамериканците, претпочитаат приватни училишта. Скапите студии пак, го намалуваат бројот на деца во САД.

Министерството треба да биде укинато, а средствата да се инвестираат директно во сојузните држави и локалните заедници. На тој начин, тие ќе одлучуваат како најдобро да ги потрошат, со демократска одговорност, вели Вероник де Раги.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк