Connect with us

Македонија

Четиригодишниот Дејан Трајковски самостојно се искачи на врвот Мусала на 2.925 м.н.в

Published

on

Дејан Трајковски од Битола е најмалиот член од групата за планинарење “Festina Lente“  “Побрзај полека“ од Битола. Дејан деновиве со само 4 години, успеа самостојно да го искачи врвот Мусала 2.925 метри надморска висина, највисокиот врв на Балканот.

Врвот Мусала  е највисокиот врв на планината Рила, а и на Балканот. Дејан заедно со својата мајка, сестра и брат се дел од групата  за планинарење “Festina Lente“ – “Побрзај полека“ од Битола. Оваа група има членови од 4 до 74 години кои го сакаат планинарењето и секој слободен момент го користат да посетат нови места, да се дружат и забавуваат. Групата има посетено многу места, планини и врвови, како во Македонија така и надвор од неа.

Овој викенд дел од групата “Festina Lente“ се искачи на 2.925 м.н.в освојувајќи го врвот Мусала. Членовите Елена Свенчева, Томе Јолев, Јасмина Ѓорѓиевска-Јолева, Менде Талевски, Николина Стојановска, Гордана Ѓоргиевска Неделковски, Јасмина Трајковска со своите три деца Емилија, Бојан и малиот Дејан, како и нашиот водич Анастасија Арасланова.

Маглата и студеното време не беа пречка малиот Дејан да се искачи сам без помош до врвот. Со него заедно се искачи и Анастасија, член на групата и водич од Бугарија, која има 74 години. Разликата од 70 години е само бројка, кога станува збор за љубителите на планинарењето.

Македонија

ОБВИНИТЕЛСКА МАФИЈА ПАЛИ И ГАСИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО

Published

on

Десетина луѓе, главно обвинители од поранешното Специјално обвинителство, кои го контролираат државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, ги влечат конците во правосудниот систем во Македонија.

Ова, во поткастот на Плусинфо, го тврди Мустафа Хајрулахи, суспендираниот шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, против кого се води и скандалозна истрага за наводен мобинг против вработени во оваа институција.

– Одговорно тврдам дека огромното мнозинство обвинители, 99 отсо, чесно и одговорно си ја вршат на работата. Но, една група моќници, која е инсталација на поранешната власт, врши притисок врз сите обвинители, посебно за предметите од интерес на поранешната власт. Таа структура е мафија во јавнообвинителскиот систем – тврди Хајрулахи.

Во разговорот со уредникот Бранко Героски, Хајрулахи најавува беспоштедна правна битка со државниот обвинител Љупчо Коцевски и отворено ги именува луѓето кои ги нарекува обвинителска мафија. Во интервјуто се спомнуваат обвинителите Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова, Љубомир Јовевски и други, а се зборува и за повеќе предмети и истраги кои добиваат тек каков што посакува таа структура.

Така, Хајрулахи зборува за тоа зошто од 2021 година биле отфрлани кривичните пријави против Васко Ковачевски, има ли врска дијарејата на обвинителот Гаврил Бубевски со бегството на Прпарим Бајрами од Македонија (осомничен заедно со Артан Груби), какви грешки се направени во постапувањето во случајот „Крмзов“, како е силуван предметот „Делчевски ниви“, како е вршен притисок во случајот „Диамед“, а најмногу, секако, за тоа кој и зошто се обидува да ја затвори истрагата за незаконската исплата на огромните бонуси во поранешното СЈО.

Ова интервју отвора многу прашања за тоа во какво општество живееме, кој го контролира правосудниот систем, зошто нема реформи и дали навистина има шанса нешто да се промени кон подобро.

Извор: plusinfo.mk

Continue Reading

Македонија

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

Published

on

Националната установа Универзитетска библиотека „Свeти Климент Охридски“-Битола промовира изложба на книги посветена на 26 јануари, прогласен од Обединетите нации за Светски ден за едукација за заштита на животната средина.

Ние имаме само една планета и колку повеќе ќе ја чуваме толку повеќе оставаме за идните генерации. Денешниот ден, 26 јануари, е потсетник за тоа какви програми за едукација се потребни на глобално ниво, посочија од Библиотеката во Битола.

„Изложбата е дел од активностите кои ќе ги реализира нашата Библиотека за поддигнување на свеста и едукација за заштитата на животната средина. Изложбата е отворена секој ден и посетителите може да погледнат и изнајмат книги публикувани на македонски и англиски јазик, истакнаа од таа национална установа.

Во изложбениот салон на библиотеката изложени се книгите „Човекот, водата и животната средина“ на авторот Милош Змејковски, „Дипломатија на животната средина“ од Лоренс Е. Саскинд, „Геологија за инженери и стручњаци за животна средина“ од Аланд Кехју, „Заштита на животната средина“ од Милто Мулев, Зборник на трудови во издание на МАНУ, истражувачки центар за животна средина и материјали, детска илустрирана енциклопедија за екологија и други енциклопедии посветени на екологијата.

Continue Reading

Македонија

Малолетници во бессознание завршиле во болница

Published

on

policija

Ноќеска 55 минути после полноќ во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена малолетничка од Гостивар. Според пријавеното, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар.

Подоцна во 4.35 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното и тој претходно консумирал алкохол во дискотека во Гостивар.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк