Connect with us

Македонија

МНР ја презеде Бесмира Ејупи: Презентерката по скратена постапка ќе стане дипломат

Поранешната презентерка Бесмира Ејупи, во јавноста позната и како несудената конзулка во Њујорк, можеби сепак ќе има шанса да замине во странство, но овој пат како кадар на Министерството за надворешни работи, барем според предвидувањата на вработени во него. Ејупи од минатиот месец е редовно вработена во МНР. Не со конкурс, ниту со договор на дело, туку била преземена од друга државна институција. Официјално, МНР и натаму молчи и нема никакво објаснување за целиот случај.

Според извори од Министерството, не се знае од која институција е преземена Ејупи, но техничката процедура за нејзиното вработување е завршена и почната е постапката за добивање безбедносен сертификат. Нејзиното работно место, како што објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е соработник во Одделението за правни работи, но нашите извори од МНР велат дека тоа не е пречка таа да се подготвува за одење во дипломатска мисија.

-Кога би се одело според регуларна постапка, потребни се две години за да се подготви за заминување во некое дипломатско-конзуларно претставништво (ДКП). Треба да помине по 4-5 месеци во различни сектори, вклучувајќи и конзуларно одделение, протокол и слично. Исто така, би било добро да ја помине и дипломатската академија во МНР – објаснуваат за „Слободен печат“ дипломатски извори.

Но, „постапката“ може да се поедностави така што Ејупи може да биде  упатена на испомош во МНР, што е регуларна практика во Министерството, но по извесно време да биде именувана за конзулка, на пример.

Кога во февруари годинава беше објавена информацијата дека на затворена владина седница бил утврден предлогот Бесмира Ејупи да биде испратена за генерален конзул во Њујорк, МНР реагираше на тие, како што ги нарече, нецелосни информации.

„Би сакале да реагираме на многубројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во ДКП-ата. Со оглед дека станува збор за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова (Њу Џерси), Јордан Панев, кој е дипломат од кариера и кој е избран во согласност со сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“, пишуваше во реакцијата од МНР, без објаснување на што се однесуваат „информациите од доверлив карактер“, но и зошто се „нецелосни“.

Повеќе од еден месец подоцна, Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отвори предмет по допрен глас и почна проверка на податоците од институциите во врска со објавени информации дека на  Ејупи ѝ биле извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници. Комисијата тогаш отвори постапки за гонење на одговорните лица на општините Петровец, Сарај, Брвеница и Чаир и Државното правобранителство, за склучените договори за дело со Ејупи, која врз основа на договори за дело добивала пари од четири општини и од една државна институција. Катица Николовска од ДКСК тогаш рече дека, имајќи предвид дека Законот вели дека под корупција се подразбира злоупотреба на функција, јавно овластување, службена должност или положба за остварување корист директно преку посредник за себе и за други, јасно е дека за овие ситуации постои можност и за кривично гонење.

Николовска вчера за „Слободен печат“ изјави дека досега добиле одговор само од тетовското обвинителство дека нема елементи за кривично гонење, а очекуваат одговори и од другите обвинителства.

Advertisement

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг