Немоќ и солзи во очите: 35 годишната Валентина Стојковска Бутовска самохрана мајка на две деца оставена на работа на сиромаштијата

35 годишната  Валентина Стојкоска Бутеска самохрана мајка на две деца едвај сврзува крај со крај. Од социјалната помош која што ја добива ја плаќа киријата, за храна за еден оброк одат  во народната кујна накратко крпарат некако за да го поминат денот. Таа со солзи во очите моли за помош не знае како ќе ја помине зимата нема пари за струја, за дрва, книги, таа стравува дека нема да може да си го дозволат и она најосновното да се прехранат, а камоли за нешто повеќе.

Условите во старата куќа каде престојуваат се лоши таа вели дека често стаорци се шетаат низ собите, а не може да си дозволи подобри услови за живот. Валентина била два пати оперирана, а нејзината ќерка често страдала од алергии. Најголемиот проблем за Валентина е тоа што цел живот живее под кирија, пред два месеци поднела документи за социјален стан но сеуште нема одговор од надлежните служби.