Connect with us

Македонија

Соодветно решение: Газда на маркет од село Лажани стана директор во “EСМ”

Published

on

АД ЕСМ на крајот од минатиот месец го назначил Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ Продажба, која купува увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја – објави “ФАКТОР”.

Според она што го има „Фактор“ како информација, станува збор за жител на Лажани од Општина Долнени и, според претходно објавени медиумски написи, се работи за сопственик на локален маркет.

Функцијата управител ќе ја врши на определено време од 12 месеци во периодот од 1 септември до 31 август следната година. Инаку ЕСМ Продажба за помалку од една година промени тројца директори.

НЕОФИЦИЈАЛНО, истото лице деновиве купил имот во центарот на Прилеп вреден 150.000 евра?

Македонија

Тошковски разреши 7 началници и командири во Штип и Кочани

Published

on

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по несреќата во Кочани со одлуки за разрешувања. 

Првиот човек на македонското МВР поради трагедијата во дискотеката во Кочани одлучи да бидат разрешени: 

1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип

2. Помошник началник на СВР Штип

3. Началник на Одделение за полиција Штип

4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип

5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани

6. Командир на Полициска станица од општа надлежност Кочани

7. Началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Од Министерсвото за внатрешни работи повеќе детали за разрешувањата најавија за подоцна во текот на денот на прес конференција.

Continue Reading

Македонија

„Дури и за време на војни судири, непријателите молчат додека телата на загинатите не се упокојат…БАРЕМ СЕДУМ ДЕНА МОЛЧЕТЕ“

Published

on

Професорката по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, Татјана Алексиќ, сподели кратка и силна порака во овие тешки моменти за Македонија.

– Господ да им даде сила на најблиските на починатите, физички да ја издржат болката. Душите им прегореа од мака, им изгореа со саканите. Живи луѓе со мртви души. Да тихуваме и да се молиме за сите нив. Повредените да закрепнуваат, преживеаните да зајакнуваат. Достоинствено да тагуваме, поинаку и не се може со скршени срца… напиша таа на својот фејсбук профил.

Професорката која секогаш е гласна на голем број општествени теми, претходно упати порака и до политичките чинители во земјава.

– Дури и за време на војни судири, непријателите молчат додека телата на загинатите не се упокојат…Барем седум дена молчете и работете конкретно за решавање на повеќедецениските проблеми со корупцијата. Ова не е прашање на политика и политички партии туку на криминалци. Како имате сила да повикате прес-конференција за политички поени? – праша таа јавно.

Continue Reading

Македонија

Влошена состојбата на пациенти на КАРИЛ

Published

on

Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но поради природата на повредите, особено труењето со штетни гасови, можни се компликации во наредните денови. Кај пациенти сместени на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) забележале знаци на влошување и за нив денес се планира трансфер во странство.

„Сите ни се стабилни, има пациенти со знаци на влошуваат, но не се во тешка состојба. Ги планираме за транспорт. Денес продолжуваме со транспортирање уште осуммина пациенти. Ќе заминат во Словенија, Полска, Австрија, Италија и во Хрватска“, рече директорот на Клиниката за трауматологија, Игор Мерџаноски.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски, утрово извести дека на нашите клиники се лекуваат 89 пациенти, а 76 се транспортирани во странство, и најави дека преместувањето на повредените во странски клинички центри ќе продолжи.

„Планираме препраќање на уште неколкумина пациенти. Во преговори сме со Виена, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и со Словенија. За краток период ќе знаеме уште колку пациенти ќе може да бидат префрлени на лекување во овие земји“, рече заменик-министерот Андоновски.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, рече дека иако на лекување во странство досега се испратени 76 пациенти, има доволно резервни капацитети за упатување во странство, со тоа што следните трансфери може да бидат во малку подалечни земји оти капацитетите на соседните се веќе исполнети.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк