Connect with us

Македонија

Да бидеме пиреј, да не дозволиме да исчезнеме

Published

on

Да не се откажуваме, да продолжиме да бидеме како пиреј, упорни, не дозволувајќи никогаш да исчезнеме, секогаш да опстоиме, чувајќи ја нашата традиција, култура, историја, јазик, идентитет, чувајќи ја татковината, порачува градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, честитајќи го Денот на независноста на Македонија.

31 година суверена, независна и самостојна Македонија, Македонија на горд македонски народ.
31 година борба за просперитет, за достоинство, за подобри услови за живот, за безбедна, силна и развиена, за европска Македонија.
Ова е патот по кој мора да продолжиме, но исклучиво како горди Македонци, со крената глава, да не се откажуваме, да продолжиме да бидеме како пиреј, упорни, не дозволувајќи никогаш да исчезнеме, секогаш да опстоиме, чувајќи ја нашата традиција, култура, историја, јазик, идентитет, чувајќи ја татковината.
Среќен Ден на Независноста!
Да живее Македонија!, порача тој.

Македонија

Денеска ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ и Црна Гора

Published

on

Во земјава и денеска е ден на жалост за настрданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

Во знак на сочувство за настраданите во пожарот во Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица, а над 150 се повредени и хоспитализирани, денеска ден на жалост прогласија Србија, Бугарија, Босна и Хрцеговина, а вчера и Црна Гора.

Српската Влада, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, го прогласи 18 март за ден на жалост. Во Србија на лекување  се испратени и дел од повредените во Кочани. Нив вчера ги посети претседателот Вучиќ, кој кажа дека во здравствените установи во Србија ќе бидат згрижени вкупно 29 повредени лица.

И бугарската Влада на вонредна седница донесе одлука денеска да биде ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија. Премиерот Росен Жељазков изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во болници во Софија, Пловдив и Варна. Искажа подготвеност за прием и на други повредени доколку има потреба.

Жељазков додаде дека трагедијата ги надминува секојдневните политички и општествени разлики. „Во вакви тешки моменти, човечките чувства и солидарност доаѓаат до израз. Верувам дека нашите народи ќе ги остават настрана дневните предизвици и ќе бидат единствени во овој ден“, изјави вчера премиерот на Бугарија.

Ден на жалост денеска е и во Федерацијата Босна и Херцеговина, а во текот на вчерашниот ден и во Црна Гора.

Continue Reading

Македонија

Здружение на бизнис жени од Грција обезбедува сместување за роднини на хоспитализираните во Солун

Published

on

Сместување за роднините на повредените лица од трагедијата во Кочани, кои се хоспитализирани во Солун, но и транспорт од сместувањето до болниците обезбедува Здружението на бизнис жени од Грција кои веќе имаат на располагање околу 20 соби и кревети.

Претседателката на Здружението Апостолина Цалтабаси во разговор со дописничката на МИА од Атина посочува дека ова е чин на човечност, хуманост, љубов и пријателство, но и најмалку што можеле да направат.

Грчкото здружение има долгогодишна соработка со Здружението на бизнис жени кај нас, а претседателката Цалтабаси објаснува дека кога во неделата наутро дознале за несреќата веднаш стапиле во контакт со нивните колешки во Скопје.

– И ние пред две години со железничката несреќа кај Темпи поминавме исто и знаеме колку е драматично да се загубат толку млади деца и толку неправедно. Ги прашавме веднаш дали можеме да понудиме некаква помош, дали материјално-техничка или што било друго, а во тој момент таму преовладуваше паника, раскажува Цалтабаси за МИА.

Откако го виделе соопштението на претседателката на Здружението на бизнис жени на Северна Македонија Валентина Дисоска, преку кое ги повика сите оние кои имаат потреба од престој во Скопје за да бидат блиску до нивните деца да стапат во контакт со Здружението и откако дознале дека во Солун се пренесуваат деца за лекување ја покренале иницијативата.

– Тоа навистина е чин на љубов, од срце. Најмалку што можевме да направиме е ако биде потребно родителите да дојдат, да им дадеме безбедност, дом, еден кревет, како соседи кои треба меѓусебно да се поддржуваме. Соодветно го информиравме и Конзулатот на Северна Македонија во Солун и Грчката амбасада во Скопје дека и просторот на нашето Здружение, нашиот бизнис хаб во Солун е на располагање на властите на вашата земја ако сакаат да отворат некој вид на оперативен центар за родителите чии деца ќе бидат тука. Ова беше чисто човечки, пријателски чин во чест на 18-годишната соработка и пријателство што го имаме со бизнисменките од Северна Македонија, истакна претседателката на грчкото Здружение.

Цалтабаси објаснува дека засега не се згрижени семејства на повредени, меѓутоа добиле телефонски повици од роднини на повредени за да се информираат.

– Во моментов имаме на располагање околу 20 соби и кревети за сместување на роднини на повредените, а секако потребно е да имаат соодветна потврда или документ да го потврдат тоа, од разбирливи причини. Многу од нашите членови нудат и транспорт од и кон болниците. Сакаме да направиме сè што е можно, за овој тежок момент да биде малку похуман, нагласува Цалтабаси.

Преку МИА, претседателката на Здружението на бизнис жени во Грција, порача дека сите роднини на повредени лица кои се хоспитализирани во Солун, можат да ги контактираат на телефонскиот број 00302310224440 за помош. 

Continue Reading

Македонија

Доктор Трајковски: Последиците од азбестот се страшни и предизвикуваат разни проблеми

Published

on

Многу е важно да се нагласи дека најголема опасност е по здравјето на луѓето кои долготрајно се изложени на азбестно труење или кај оние со краткорочно интензивно и екстремно изложување.

Последиците од азбестот се страшни и предизвикуваат разни проблеми по здравјето на граѓаните, апелира доктор Бојан Трајковски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение: 

Гледам по социјалниве медиуми се шират апели за проверка на сите кои биле дел од трагедијата во Кочани поради азбестните табли во покривот и се дига особена паника па малку да појасниме зошто се предупредувањата:

Азбестот е минерал кој се користел уште во 19 тиот век во изградба на различни објекти, пред се покривите на објектите, поради тоа што имал одлични термички и звучни изолациски својства, но и поради неговата огноотпорност. Особено популарен до некаде 2005 кога е целосно забранет на ниво на ЕУ поради сериозните ризици по здравјето на луѓето особено луѓето кои работеле во вакви објекти поради што и е влезен во списокот на професионални болести.

Најчесто е користен како азбестни-цементи плочи дел од многу покриви во државава кои поради нивната отпорност на оган нашле широка примена и вака целосен како плоча нема голема опасност од истиот.

Главниот проблем кај нас е што најголем дел од овие времени објекти како локалов во Кочани имаат огромен број оштетени азбестни плочи кои се ронат, се издробени и скршени па при силен пожар азбесните честички лесно се пренесуваат преку чадот и прашината и се до толку опасни што азбестот е ставен во класа 1 канцерогена материја според меѓународната агенција за истражување на ракот.

Последиците се страшни и предизвикуваат разни проблеми како:

• Мезотелиом – неоплазма на плеврата и перитонеумот, кои обично се јавуваат по долгорочна изложеност
• Азбестоза – пнеумокониотична болест, белодробно заболувања кое најкарактеристично што доведува до белодробна фиброза.
• Рак на белите дробови – често се јавува кај лица кои биле изложени на азбест на долг рок.
• Проблеми со дишните патишта – вдишувањето на овие честитки може да предизвика долготрајна кашлица, задушување, градни болки.

На крај е многу важно да се нагласи дека најголема опасност е по здравјето на луѓето кои долготрајно се изложени на азбестно труење или кај оние со краткорочно интензивно и екстремно изложување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк