(Галерија): Кралицата Елизабета работела како механичар за време на Втората светска војна

Сите имаме по некој талент, но какви таленти се кријат кај членовите на британското кралско семејство?

Покрај тоа што се вклучени во кралските должности, тие поседуваат и други таленти кои не ги покажуваат во јавност.
Најчесто повеќето ги научиле во младоста, а денес не ги практикуваат бидејќи не им се потребни. Сепак, изворите откриле по некој скриен талент за дел од членовите на кралското семејство.

Инаку, малкумина знаат дека во текот на Втората светска војна, Елизабета работела како автомеханичар во територијалната одбрана на Лондон. Била мошне талентирана и вешта во поправањето на камиони и други возила, а управувала и со возилата за Итна помош.

Таа е одличен возач, но нема дозвола. Еднаш, сосема го шокирала саудискиот крал Абдулах, кога го повикала да се повози со неа на нејзиниот имот. Кралот бил изненаден дека воопшто знае да вози, а потоа останал шокиран од фактот колку брзо и вешто вози по тесни улички.

Нејзината љубов кон кучињата и коњите е добро позната, па затоа и информацијата дека обожува коњски трки не е за изненадување.