Наместо признание, обвинение: Докторот кој сам ги вадеше пациентите од пламените јазици обвинет за пожарот во модуларната болница!

Една година од пожарот во модуларната болница во Тетово каде починаа 14-мина, една година непребол, една година тага од најтешката несреќа што го снајде Тетово.

И после една година, најпожртвуваниот доктор кој од првиот ден, сам без ничија поддршка се втурна во оганот и борбата со Ковид пандемијата наместо да добие признание, Д-р Вучевски доби обвинение за пожарот, обвинение кои се коси со секоја здрава логика. Д-р Вучевски ниту бил на смена таа кобна ноќ, ниту бил управител на модуларната болница, а ниту го извршил приемот. Ова вака нема да помине!

Поддршка за Д-р Бобан Вучевски (Скопски)! Во оваа битка сите сме со тебе! Главата горе!

Фејсбук статус на Ангел Карапетров.

На Фејсбук страните голем број на граѓани во коментари одаваат поддршка за како што велат докторот кој „Спаси многу човечки животи, излекува многу ковид болни пациенти. И ова ќе помине, но срамот на Бандата нема да остане неказнето !“