Вонредна вест: Голема железничка несреќа во Хрватска, повеќе загинати и повредени

Патнички воз удрил во товарен воз на пругата кај Новска (Окучани) во Хрватска, градче на околу 100 километри југоисточно од Загреб.

Во несреќата според хрватски Индекс има најмалку 5 загинати и повеќе повредени. Патничкиот воз удрил во товарниот кој бил расипан на пругата.

Спасувачките екипи се на терен. Меѓу загинатите, според првичните информации се машиновозач и кондуктет од патничкиот воз. Наводно возот се движел со 100 км/ час.

Првите фотографии од местото на несреќата ги објави новинарката на ТВ Нова, Петра Буљан која е на лице место и ја следи спасувачката операција.

На сликите се гледа уништен вагон од патничкиот воз, други вагони кои испаднале од шините и спасувачи кои со батериски лампи пребаруваат за да најдат преживеани.

Кон местото на несреќата се упатил хрватскиот премиер Пленковиќ и министри од владата. Истрагата ќе почне по извлекување на повредените.