ДЕЈАН ТРАЈКОВСКИ на само четири години ГО ИСКАЧИ НАЈВИСОКИОТ ВРВ НА Балканот, МУСАЛА

Дејан Трајковски е најмалиот член на планинарската група „Festina Lente“ (Побрзај полека) од Битола, но не и мал планинар. Тој на само четири години успеа самостојно да го искачи врвот Мусала на планината Рила во Бугарија. Со своите 2.925 метри, Мусала е највисокиот врв на Балканот.

Маглата и студеното време не биле пречка Дејан да се искачи без помош до врвот. Во групата која ја „освои“ Мусала беа и неговата мајка Јасмина Трајковска, братот Бојан и сестрата Емилија.

Групата ја предводеше 74-годишната Анастасија Арасланова од Бугарија. Разликата од 70 години е само бројка кога станува збор за љубителите на планинарењето.

Оваа група има членови од четири до 74 години и секој слободен момент го користи за да посетат нови места, да се дружат и забавуваат.

Сдк.мк