Connect with us

Македонија

Граѓани збунети дека плаќаат ДВОЈНО, ЕВН вели да се чита и задната страна на сметката

ЕВН тврди дека вистинскиот период за кој се плаќа струја се наоѓа на задната страна на сметката, а датумите кои се на нејзината предна страна се датуми на неделата кога се чита броилото.

Дали се поткраднуваат граѓаните во сметките за струја? Граѓани велат дека поради тоа што има поклопување на денови од ист месец во сметките за струја двапати плаќаат за исти денови во месецот. ЕВН, пак, тврди дека нема никакво поткраднување во сметките бидејќи на предната страна од сметката што ја добиваат граѓаните е пишана неделата во која се читаат струјомерите. Вистинскиот период за кој се однесува сметката е на задната страна на фактурата.

Откако се зголеми цената на струјата голем број граѓани се жалат дека нивните сметки се повисоки од потрошената струја бидејќи двапати плаќаат за исти денови во месецот. Загриженоста на граѓаните се прелеа и социјалните мрежи и во медиумите. Коментарите одат до таму што се вели дека годишно на ваков начин на граѓаните им се крадат високи суми пари.

– Ова е кражба, двапати ми наплатуваат за исти денови. Во сметката јасно се гледа дека има преклопување на денови. Така ми наплатуваат над 1.300 денари повеќе секој месец – вели граѓанин.

ЕВН, пак, тврди дека граѓаните се доведени во заблуда со тоа што мислат дека на предната страна на фактурата се гледа периодот на пресметка на потрошената електрична енергија. Вистинскиот период за кој се плаќа струја се наоѓа на задната страна на сметката, а датумите кои се на нејзината предна страна се датуми на неделата кога се чита броилото.

– Датумите на предната страна на фактурата се всушност датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот. Додека датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страна на фактурата. Реално отчитаните датуми никогаш не се поклопуваат со отчитаните датуми во претходниот месец. Овој податок на прочитана потрошувачка се наоѓа во горниот дел на задната страна, веднаш до ставката: Податоци од броило – велат од ЕВН.

Оттаму појаснуваат дека датумите на предната страна фактурата се од информативен карактер во која отчитувачка група припаѓа корисникот, а на втората страна се наоѓаат податоците врз база на кои се прави пресметката на фактурата.

– Отчитувањето на клиентите на ЕВН Хоме со тарифа домаќинства и мали потрошувачи се врши по календарски недели. На задната страна на фактурата, веднаш до ставката „Податоци од броило“ корисниците може да ги најдат точните датуми за кои им е пресметана потрошувачката на електрична енергија. Овие датуми никогаш не се поклопуваат со денови од претходниот месец и со тоа се подразбира дека не постои ни најмала можност да се соочуваат со двојно плаќање. Значи нема двојна наплата и нема преклопување на датуми на отчитување – појаснуваат од ЕВН.

Според ова, пред да помислите дека сте поткраднати, погледнете ја и задната страна на фактурата за потрошена електрична енергија. Најдобро е да го проверите броилото по отчитувањето и да направите споредба со фактурираните киловати. Односно да ги споредите со потрошените киловати од минатиот месец.

izvor Plus info

Македонија

Енергетска заедница: Македонија меѓу лидерите во енергетските реформи во 2025 година

Северна Македонија, заедно со Србија и Молдавија, е издвоена како една од земјите што го предводат реформскиот напредок во енергетскиот сектор во текот на 2025 година, покажува најновата оценка на Енергетската заедница.

Според извештајот, овие три држави постигнале значителен напредок во усогласувањето со европското енергетско законодавство, особено во делот на пазарните реформи, регулаторната рамка и зајакнувањето на институционалните капацитети. Напредокот е оценет како клучен за унапредување на регионалната енергетска безбедност и интеграцијата во заедничкиот европски енергетски пазар.

За Северна Македонија, Енергетската заедница посочува дека реформите во електроенергетскиот и гасниот сектор, како и активностите за подобрување на регулаторниот надзор, придонеле земјата да се позиционира како позитивен пример во регионот. Посебен акцент е ставен на напорите за зголемување на транспарентноста, конкуренцијата и сигурноста во снабдувањето со енергија.

Во извештајот се наведува дека реформскиот моментум кај овие земји е важен сигнал за останатите членки на Енергетската заедница, но и дека предизвиците остануваат, особено во делот на имплементацијата на донесените политики и инвестициите во енергетска инфраструктура.

Од Енергетската заедница порачуваат дека одржувањето на ваквото темпо на реформи ќе биде клучно за понатамошното приближување кон ЕУ и за обезбедување стабилен, одржлив и конкурентен енергетски систем во регионот.

Continue Reading

Македонија

АХВ спречи увоз на повеќе од 26 тони небезбедна замрзната храна од Бразил

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречи увоз на над 26 тони замрзната храна, откако при граничните контроли било утврдено дека пратката не ги исполнува безбедносните и здравствените стандарди предвидени со закон.

Како што информираат од АХВ, при редовниот инспекциски надзор биле забележани неправилности во документацијата и условите за транспорт, поради што е донесена одлука пратката да не биде пуштена во промет на домашниот пазар.

Надлежните служби нагласуваат дека контролите на увозот на храна се спроведуваат континуирано, со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на внесување небезбедни производи во земјата. Во вакви случаи, храната се враќа или се уништува согласно прописите.

Од АХВ апелираат до увозниците строго да ги почитуваат законските обврски и стандардите за безбедност на храната, потенцирајќи дека секоја сомнителна пратка ќе биде предмет на детална проверка.

Институцијата најавува дека засилените контроли на граничните премини ќе продолжат и во наредниот период, особено во услови на зголемена трговија со прехранбени производи.

Continue Reading

Македонија

По моделот на Украина, Македонија може технички да ги продолжи преговорите со ЕУ

По преседанот направен со Украина, се отвора можност Северна Македонија технички да ги продолжи преговорите за членство во Европската унија, и покрај тоа што сè уште нема конечно решение со Бугарија, оценуваат аналитичари и европски извори.

Според овој модел, земјата би можела да напредува во техничките и реформските делови од преговорите, без формално затворање на политичките прашања поврзани со билатералниот спор со Софија. Таквиот пристап веќе беше применет во случајот со Украина, каде што ЕУ дозволи паралелно водење на процесите.

Идејата е Македонија да не биде целосно блокирана на европскиот пат, туку да продолжи со усогласување на законодавството, реформите во институциите и исполнувањето на европските стандарди, сè додека се бара прифатливо решение со Бугарија.

Поддржувачите на ваквиот пристап сметаат дека тоа би испратило позитивна порака и би ја одржало реформската динамика и европската перспектива на земјата, додека критичарите предупредуваат дека политичките условувања и натаму остануваат сериозен предизвик.

Сепак, ваквиот можен пресврт во пристапот на ЕУ отвора нова дебата за тоа како Унијата се справува со билатералните спорови и дали ќе покаже поголема флексибилност кон земјите кандидати во наредниот период.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг