И домовите за стари лица не се тоа што беа – стриптизерка за прослава (Видео)

Домот на ветерани во Таојуан, државен објект за пензионирани воени лица во Тајван, платил стриптизерка за бурната прослава на Есенскиот фестивал – важен празник во кинеската култура, кога луѓето се собираат за да ја прослават жетвата на оризот и пченицата.

Видеото од неверојатниот настап е објавено на социјалните мрежи и брзо стана вирално.

На видеото се гледа како танчерка во чипкана долна облека танцува во скутот на постар маж и му ги „бута“ нејзините гради во лице. Изгледа на мажот не му пречи, напротив. А се чини дека и останатите станари на домот уживале во шоуто.

Woman In Lingerie Performs For Elderly Audience, Taiwan Veterans’ Home Apologises For Hosting Event

Намерата на настанот беше да ги забавува штитениците и да ги израдува. Многу ни е жал за навредата што беше предизвикана“, велат од домот.