Connect with us

Балкан

Рама: Македонија е подготвена да го користи унифицираниот буквар за Албанците

Published

on

Македонија е подготвена да го користи унифицираниот буквар за Албанците, соопшти денеска албанскиот премиер Еди Рама. На Конгресот посветен на образованието, Рама најави дека Северна Македонија начелно се согласила, а разговорано било и со Црна Гора и Србија.

– Македонија во принцип е подготвена да го користи унифицираниот буквар. Со Црна Гора и Србија разговаравме за делот од албанското население. Наша обврска е да го заштитиме и зачуваме албанскиот јазик, рече Рама.

Со денешниот почеток на учебната година почна примената на унифицираниот буквар за првачињата во Албанија и во Косово. Рама рече дека разговарал и со други балкански земји за воведување унифициран буквар и за Албанците во овие земји.

Начелна согласност за унифициран буквар беше постигнат на заедничката седница на двете влади, на Албанија и на Косово, што се одржа во Елбасан на 26 ноември 2021 година. Договор за унифициран буквар беше потпишан во декември минатата година во Приштина, на заедничка седница на владите на двете земји.

Денеска во Албанија за првпат во ученичка клупа седнаа 29.000 првачиња или околу илјада помалку споредено со минатиот септември.

Балкан

Семакедонски собир во Mелник: 110 години од убиството на Пиринскиот цар – Јане Сандански

Published

on

Под силно полициско обезебдување во Мелник се одбележаа 110 години од убиството на Царот на Пиринот Јане Сандански. 

На семакедонски традиционален собир во негов спомен присуствуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Сајковски, Ковачки и Мицевски, кои на фејсбук објавија:

„Македонски национален херој, војвода и водич на Македонската револуционерна организација, кој до крајот на својот живот останал да се бори за самостојна Македонска држава“. 

Но, не секој што сакал да присуствува на собирот, успеал да помине граница. Професорот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Тихомир Стојановски тргнал за Мелник, ама стигнал само до граница. Тврди дека Бугарите му забраниле влез со објаснување дека претставувал закана за безбедноста на државата. 

Им порача на бугарските политичари да ги признаат Македонците.

Инаку, бугарските медиуми изминатите денови пишуваа дека на Фејсбук се шири масовна кампања за присуство на Македонц во Мелник. НОВА.БГ сподели дека се очекувало во Мелник за чествувањето на Јане Сандански да пристигнат неколку автобуси, со како што пишуваат, антибугарски настроени Македонци. 

„Тежок пристапот до соборот Мелник под блокада на бугарската полиција. Проверка од чувари на коли и на документи“, предупреди вчера и Атанас Кираков, претседател на градскиот комитет на Илинден во Благоевград. 

Но, сепак денешниот собир помина без провокации

Continue Reading

Балкан

Постои голем притисок за проширување на ЕУ со земјите од регионот, вели Јотова

Published

on

Во интервју за БГ ОН ЕР каде речиси половина од времето го посвети на односите меѓу Скопје и Софија, Јотова повтори дека е збунета од како што кажа, тенденцијата на европските челници да говорат за двостран спор меѓу Македонија и Бугарија. Според неа, постои силен притисок за забрзано примање на нови земји- членки во Унијата.

-Геополитичкиот притисок во моментот е многу силен да има забрзано примање на тие држави. Моето конкретно мислење е дека тоа може еден ден многу скапо да не чини, бидејќи ние говориме за долг процес на реформи, ако тој не постои во тие држави, значи тие ќе внесат уште проблеми во самата ЕУ, кој знаеме дека и сега ги има многу. – Илијана Јотова – Потпретседателка на Бугарија

Пораките на Јотова доаѓаат во исто време со посетата на претседателот на ЕС Антонио Кошта кој во наредните три дена ќе биде во официјална посета на Бугарија. Теми на разговор како што соопштија од неговиот кабинет, покрај европската одбрана и војната во Украина, ќе биде и европското проширување.

-Претседателот Кошта и Премиерот Жељазков ќе дискутираат за актуелните прашања ќе разговараат за сегашните и идните случувања во неколку области, вклучувајќи ја европската одбрана и поддршката на ЕУ за Украина, конкурентноста, миграцијата и проширувањето.- Европски Совет

Кошта кој во неколку наврати повтори дека проширувањето со западен Балкан е политички приоритет за Унијата, најави дека на средината на мај ќе дојде и во официјална посета на Македонија. Во истиот период се очекува земјава да ја посети и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата Каја Калас. 

Continue Reading

Балкан

Мистериозно морско суштество снимено на плажа во Будва: Туристите се чудат каков е овој “вонземјанин” [ВИДЕО]

Published

on

Сензација на плажа во Будва: Транспарентна риба налик на суштество од научна фантастика

На плажата Плоче, во близина на Будва, се појави вистинска морска сензација – целосно транспарентна риба која, на прв поглед, повеќе наликува на суштество од научно-фантастичен филм отколку на нешто што навистина постои во природата. Снимката од ова необично морско суштество брзо се прошири на Инстаграм, предизвикувајќи лавина од реакции, коментари и фасцинација кај корисниците.

Станува збор за таканаречената риба салпа (Salpa maxima) – ретка морска единка која речиси никогаш не се среќава во плитките води, а уште поретко на самиот брег.

Нејзиното тело е транспарентно, наликува на желатин и изгледа како направено од стакло – толку нереално што многумина во прв момент не веруваат дека станува збор за вистинско живо суштество. Салпите се хранат со планктони и се сосема безопасни за луѓето.

Она што ги прави уште поинтересно е нивниот начин на движење – се движат со ритмички контракции на телото, филтрирајќи ја водата додека се хранат со микроскопски алги. Дополнително, салпите се колонијални организми – составени од повеќе индивидуални единки кои функционираат како еден организам.

Нивното транспарентно тело претставува совршена одбрана во морските длабочини, бидејќи буквално ги прави невидливи за потенцијалните предатори.

Иако изгледаат како вонземјани, салпите не претставуваат никаква опасност за човекот. Напротив, нивното присуство е знак на чиста и еколошки здрава морска средина.

Овој неочекуван гостин на Плоче потсетува на тоа колку е морето полно со чуда – скриени светови што чекаат да бидат откриени, документирани и споделени со остатокот од светот… дури и преку Инстаграм.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк