Уставен суд утре ќе одлучува ЗА (НЕ) РАБОТА ВО НЕДЕЛА

Уставниот суд утре ќе расправа за законското решение за работа во недела, откако за тоа иницијатива поднсе Стопанската комора на Македонија, со образложение дека тоа носи нееднаквост меѓу граѓаните.

„Уставниот суд информира дека на седницата којашто е закажана за 14 септември (утре) во 9.30 часот ќе расправа и за Рефератот кој е подготвен по претходно поднесена иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија. Имено, се работи за предмет во кој е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела“.

Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде било кој друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите. Во иницијативта се содржани наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела (неметалните минерални производи) и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавачите од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка. Подносителот смета дека е нарушено начелото на владеење на правото и дека оспорениот закон е во спротивност со членот 8 став 1 алинеи 3 и 7 и член 9 став 2 од Уставот“, се вели восоопштението од Уставен суд.